Контакт

Македонија

Од утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради Дигиталниот самит

Објавено пред

По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што на 18 и 19 април (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден, 17 април, од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие бјекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).

Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шилегов со снимка ги убедуваше станарите дека миризбата е поради пелените

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потврди дека миризбата во зградата во Аеродром биле користени пелени кои не биле фрлени. Според него, граѓаните по шест часа можат да се вратат дома. Во посочениот стан со број 11 живееле две жени од кои едната е 90-годишна. Еден од станарите, вели дека тоа не е причина за миризбата.

 

„Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени.  Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација“, рече градоначалникот Шилегов.

 

Станар од зградата вели дека тоа не е причината за миризбата бидејќи специјалци со гас-маска ја ваделе неговата внука од домот.

„Нека утврдат стручни лица, за да се види што е. Син ми кашла. Како може да е од амонијакот?“, прашува станарот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Објавено пред

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“ изјавија дека причината  за тоа е нехигиена во еден од становите. Тие забележале повеќе употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде престојувал бездомник имало 10-ина шишиња со урина.

Неофицијално, мирисот е од амонијак. Станарите се веќе шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, Противпожарна екипа и брза помош се на терен. Според информациите, се чекаат да пристигнат екипи за дезинфекција.

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мисајловски: Секој граѓанин треба сам да се произнесе за референдумот

Објавено пред

Од

ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен, повторно е помеѓу граѓаните. Денеска имавме одлична можност тука во Чаир да разговараме со граѓаните, да имаме средба со општинскиот комитет и да размениме разни мислења. Пред се да видиме што се оние актуелни политички теми и она што навистина го засегаат народот. Се разбира главна тема во Република Македонија е референдумот и оној штетен договор што оваа влада го потпиша, што ќе има рефлексија врз целиот народ, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Наша обврска е да го прашаме народот што мисли, да го кажеме нашиот став, а тоа е дека секој граѓанин треба сам да си се произнесе за ова прашање. Мора да ги прикажеме сите овие штетни детали што ги има во договорот, а ќе имаат секако рефлексија врз иднината на Република Македонија. Но најважно е да ги слушнеме одговорите од власта, да видиме кои се тие амандмани што ќе ги предложат за менување во Уставот и што ќе се менува во Уставот. А исто така треба да се довие и одговор, а тој одговор треба да биде брз, бидејќи кампањата тече, а одговор треба да добиеме, што за нив се подразбира дека е успешен референдум”, рече тој.

Мисајловски порача дека одговор треба да дадат кон граѓаните кои се тие амандмани што ги спремаат, што ќе биде сменето во Уставот и секако што за нив претставува успешен референдум?

,,За жал оваа власт со секојдневни скандали, со секојдневни злодела го допре дното во Република Македонија. Никогаш не било во историјата на Република Македонија на економски план, на здравствен план и во сите ресори на олку ниско ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со граѓаните, ќе го слуша народот и таа навигација ќе му биде патот во иднината”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија6 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија7 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија10 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија10 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток13 часа

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ14 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија14 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток15 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија15 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ16 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток16 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести17 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија18 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија18 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура2 дена

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ2 дена

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија2 дена

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија2 дена

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Досие