Македонија
Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Oд утре (26.1.2021 година) почнува етапната исплата на јануарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– Во вторник, на 26.1.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– В среда на 27.1.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– В четврток на 28.1.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– В петок, на 29.1. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
„Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник, 26 јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи“, соопшти МТСП.
Министерството укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Оттаму апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Казнети 650 лица за неносење маска

Полицијата вчера казнила 650 лица за неносење маски.
„Во текот на изминатото деноноќие (05/06.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 650 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.
Македонија
Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Според информациите на МВР, вчера во 22.50 часот при извршена контрола на чајџилница на ул. „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.И.(45) од Гостивар, констатирано е дека се постапува спротивно на законски пропишаното работно време за време на епидемија, при што во објектот имало 11 гости.
Објектот од страна на Државниот пазарен инспекторат е затворен, а сопственикот М.И. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Македонија
Казнети 165 возачи во Скопје, од кои 28 за брзо возење

Полицијата за еден казни 165 возачи во Скопје, од кои 28 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера на територијата на Скопје изречени се 165 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, 21 санкција за возење без возачка дозвола, 10 санкции за управување под дејство на алкохол…
Дванаесет возачи се казнети за користење на мобилен телефон, тројца за минување на црвено светло, четворица за некористење сигурносен појас, пет возачи за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, веат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“