Контакт

Македонија

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Објавено пред

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот како што беше досега, и да трае до 4 часот наутро.

По претходно донесената одлука на Владата од 27 април, исклучок од забраната за движење ќе има утре, односно од 12 кон 13 мај, кога поради верскиот празник Рамазан Бајрам нема да има полициски час.

Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од…

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Вторник, 11 мај 2021

Од Владата посочија и дека угостителските објекти од утре (12 мај) ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути, но само во отворениот дел од објектите.

Истовремено, одлучено е дека може да се организираат настани, согласно протоколите, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Со одлуката се зголемува и бројот на децата кои се згрижуваат во градинките, односно, наместо 15 деца, сега ќе може да се згрижуваат по 20 деца во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните пак, од утре ќе може да отпочнат со работа во нивните објекти.

Ваквите мерки, како што посочуваат од владината прес-служба, ќе важат до 18 мај.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 коивид-пациент и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Македонија

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две лица починаа, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 3.680 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 6, Куманово -5, Тетово – 2 и Кичево – 1.

Регистрирани се две починати лица од Скопје (80г) и Куманово (73г). Пациентите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 848.334 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68636, Активни 158
Куманово 8878, Активни 48
Прилеп 8325, Активни 33
Тетово 7240, Активни 31
Битола 6304, Активни 15
Велес 5471, Активни 3
Гостивар 5181, Активни 14
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5016, Активни 24
Штип 4960, Активни 3
Струмица 4115, Активни 8
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2791, Активни 4
Кичево 2589, Активни 33
Гевгелија 2195, Активни 2
Неготино 2184, Активни 3
Свети Николе 1523, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1226, Активни 6
Радовиш 1161, Активни 5
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 4
Дебар 941, Активни 2
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 4
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 1
Дојран 132, Активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

Две дози вакцина во Македонија примиле скоро 200.000 граѓани

Објавено пред

Две дози вакцина во Македонија примиле 199.143 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани.

Со последните бројки 50 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев од Самитот за Западен Балкан: Да ја направиме 2021-ва година на силен исчекор напред

Објавено пред

Да ја направиме 2021-ва, година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ, рече премиерот, Зоран Заев, кој денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Премиерот Заев во рамки на Самитот, учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Во своето обраќање, на пленарната сесија, Заев истакна дека дебатата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во Европската Унија и во регионот Западен Балкан.

„Со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на Европската Унија кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан“, рече Заев оценувајќи дека Северна Македонија, со Грција покажа дека е возможно и од процес на недоразбирање да излезат како посилни пријатели и изрази уверување дека тоа е возможно и со Бугарија.

Премиерот Заев оцени дека сега постои една солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан, која нему лично му ја потврдиле повеќемина европски лидери, како и сите највисоки претставници на Европската Унија, за време на неодамнешната посета на Брисел.

Тој изрази задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.

„Затоа да ја направиме заеднички 2021 година како година за паметење, година во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Македонија2 часа

Заев од Самитот за Западен Балкан: Да ја направиме 2021-ва година на силен исчекор напред

Да ја направиме 2021-ва, година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ, рече премиерот, Зоран Заев,...

Регион5 часа

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Спорт5 часа

Дерби на денот – Битката за Британија, Хрватска мора да ја победи Чешка

Денес на програмата на Европското првенство ќе се одиграат три натпревар. Во, Д-групата ќе биде комплетирано второто коло и ќе...

Македонија5 часа

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион6 часа

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт7 часа

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт17 часа

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион18 часа

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа18 часа

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија23 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија23 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија1 ден

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија1 ден

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија1 ден

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ1 ден

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија1 ден

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија1 ден

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт1 ден

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Досие