Контакт

Македонија

Од 1 јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор, Шахпаска очекува поддршка од пратениците

Објавено пред

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година. Ова со заеднички комисиски амандман го одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисијата за труд и социјална политика, каде предлог-законот за работните односи помина во второ читање.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, нагласи дека законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Република Северна Македонија.

„Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци, додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела”, рече Шахпаска.

Македонија

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

Објавено пред

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче го сумираше своето работење во изминатите четири години.

„ Ми беше чест и задоволство во изминатите 4 години да ви служам. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата. Одново да се бориме за секој живот и да се грижиме за здравјето на секој пациент. Но, и покрај сите предизивици со глобалната ковид криза, успеавме да направиме темелни промени во здравството и да реализираме инвестиции на кои сум навистина горд. Го вративме достоинството и мотивацијата на здравствените работници со покачување на платите како никогаш порано. Тие сега земаат повисоки плати од 25 до 40%, а специјализантите за првпат се платени додека специјализираат. Верувам дека новата Влада ќе продолжи да ги покачува платите бидејќи здравствените работници тоа го заслужуваат. Се грижевме за сите пациенти подеднакво како и за оние кои порано беа игнорирани и заборавани. Обезбедивме лекови за пациентите со ретки болести. Нема ниеден пациент без достапен лек затоа што секој човек е важен, а воспоставивме и регистар за ретки болести. Нашата земја конечно нема лекови од паралелен увоз, ги укинавме и квотите, и сега сите лекови се квалитетни и достапни во секое време. Дијабетичарите имаат конечно достапен врвен инсулин, а за децата со дијабет обезбедивме средства за набавка на безболни апарати за мерење на гликемија. И покрај економската криза, инвестициите во здравството не запреа. За четири години реновиравме и изградивме здравствени капацитети повеќе од било кога во минатото. Реновирани се 50 здравствени установи, клиники и хируршки сали кои се опремени по највисоки светски стандарди. Отворени се нови центри и оддели во рамки на болниците и пациентите сега ги добиваат услугите онаму каде живеат. Набавивме медицинска опрема која овозможува операциите, за кои порано пациентите одеа во странство, сега да ги правиме дома. Набавивме најсовремени апарати, 9 компјутерски томографи и 7 магнетни резонанци. Ова претставува најголемо вложување во клучна апаратура во историјата на нашето здравство. Особено сум горд на вложувањето во здравјето на нашите најмили- децата. Со нова апаратура по светски стандарди, но и посветеност и личен развој на колегите од Гинекологија, успеавме да ја намалиме новороденечката смртност за три пати. Малите борци кои се раѓаат порано сега имаат врвна нега и светски услови за раст и развој.

Пандемијата донесе многу неизвесност и тага оставајќи трајни последици и промени во нашите животи. Но, овој период ќе го паметиме и по убави нешта. Во екот на пандемијата ја изведовме првата успешна трансплантација на срце, а потоа изведовме уште 5 со што е направен историски чекор во македонската кардиологија. За првпат направивме и трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител што е уште еден голем дострел на македонското здравство. Горд сум на сите посветени колеги кои почнаа да применуваат нови методи на работа и изведуваат најсовремени операции. Имаме нови методи за лекување на пациенти со мозочно крварење, нов третман на епилепсија и нови неинвазивни методи за лекување на Кардиохирургија.

На крајот на мојот ангажман како министер за здравство, сакам јавно да им се заблагодарам на моите колеги здравствените работници. Нивната пожртвуваност и посветеност заслужуваат најголема почит, а јас и понатаму ќе продолжам да се борам за нивните права и достоинствен третман од страна на државата. Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои ја препознавте посветеноста и трудот со кој работев, но и на оние кои добронамерно ме критикуваа и советуваа. Заминувам од позицијата министер горд на сработеното знаејќи дека се што направивме, секоја одлука која ја донесовме ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Со оваа мисија продолжувам да работам и понатаму. Ви благодарам“ порача Филипче.

Синоќа во Собранието беше изгласан новиот состав на Владата, на чело со премиерот Димитар Ковачевски. Нов министер за здравство е Беким Сали, од редовите на Алтернатива.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство

Објавено пред

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Неспособноста на оваа Влада започна уште од вчера. Владата на пиунот Ковачевски ќе има краток рок на траење. Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет.

Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема. ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повремено облачно со локален дожд и снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет45 минути

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет1 час

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија10 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија15 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија15 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа16 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион20 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ21 час

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет21 час

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ22 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет23 часа

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија1 ден

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион1 ден

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Македонија2 дена

Казна за фирма која превезувала патници без лиценца и без дозвола

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата...

Топ2 дена

Невенчаниот сопруг и уште неколку лица извршиле обљуба врз 44-годишна струмичанка

Врз 44-годишна жена од струмичко била извршена обљуба од страна на повеќе лица соопшти полицијата. Вчера околу 13.00 часот, 47-годишна...

Македонија2 дена

(Видео) Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на државата

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот...

Свет2 дена

(Видео) Цунами удри на пацифичката држава Тонга: Брановите носат сè пред себе

Пацифичката држава Тонга е погодена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан. На социјалните мрежи се појавија...

Македонија2 дена

На паркингот кај Клинички центар има 832 места, а издадени се 2.200 дозволи за паркирање

В.Д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје, Бојан Христовски, беше во работна посета на Клиничкиот центар каде има долгогодишен...

Свет2 дена

(Видео) Ѓоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во притвор

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор. До...

Досие