Контакт

Дијаспора

ОМД: Наместо едно општество за сите, Македонија е лидер во корупција

Објавено пред

Во последниот извештај на „Транспаренси интернешнл“, објавен на 29 јануари 2019 година, Република Македонија се издвојува како лидер во корупција во регионот во согласност со Индексот за перцепција на корупцијата за 2018 година. Според Обединетата македонска дијаспора (ОМД), разочарувачкиот резултат не само што е пораз за демократијата и економијата во Република Македонија туку и пораз на сите владини мерки и предизборни залагања за правна држава и едно општество за сите.

„Покрај неуспехот да спроведе правда за криминалните акти за кои беше и формирано, СЈО достави барање до пратениците во македонското Собрание за продолжување на мандатот во трајно специјално јавно обвинителство токму на денот кога ‘Транспаренси интернешнл’ преку Индексот за перцепција на корупцијата за 2018 година го потврди сомнежот за пристрасност на СЈО во спроведување селективна правда. Според ОМД, покрај пристрасноста и субјективноста на СЈО, свој удел во разочарувачкиот извештај на ‘Транспаренси интернешнл’ има и уставата трговија (во монетарна и немонетарна вредност) евидентна во ратификувањето на преспанскиот договор, како и стипендирањето, вработувањето и распределбата на тендери на поединци фамилијарно поврзани или блиски до власта.

Со цел институционално и долгорочно справување со корупцијата, која ја издигна Република Македонија заедно со Косово на 93. место на Индексот за корупција во јавната администрација на ‘Транспаренси интернешнл’, ОМД ги повикува сите политички субјекти да се посветат на реформите во судството и јавната администрација, чија работа би ја следела независна антикорупциска комисија. Воедно, ОМД ги повикува сите жртви на корупцијата да се обратат до народниот правобранител и граѓанскиот сектор, кој се залага за борба против корупцијата, како би се оневозможило или барем отежнало коруптивното дејствување во Република Македонија“, се вели во соопштението.

ОМД уверува дека правната држава се гради единствено преку постојана и колективна борба за човековите права и еднаков третман пред законот. Секое спротиставување против корупцијата е должност на секој директно или индиректно засегнат граѓанин, а секое пасивно или активно одобрување подразбира соучество во коруптивното дејствување.

Дијаспора

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

Објавено пред

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа е плод на 66 годишен развој на тоталитарната националистичка мисла и организиран прогон на македонското малцинство во Бугарија. Неизлечениот тоталитаризмот од внатрешен проблем сега станува меѓународен – Бугарија се обидува да претвори во услов за членство во Европската Унија прифаќањето на нејзината дискриминаторска политика. Се обидува да го негира и смени идентитетот на луѓето во Македонија како што непречено го прави тоа веќе 66 години со Македонците во Бугарија“, се вели во реакцијата на неколку македонски организации во Бугарија по усвоената Декларација на бугарскиот Парламент за условената поддршка на датумот за преговори за членство во ЕУ на Македонија.

Според нив, со својата политика и позиција Бугарија се стреми да ја исполни изреката дека со такви пријатели како неа на Македонија други непријатели не ѝ требаат. Таа многу брзо заборави како Македонија некогаш ја пушти да почне преговори за ЕУ без да ѝ поставува услови.

,,Владата на Бугарија треба да престане да се преправа дека македонско малцинство не постои. Нема зошто да им се заканувате за нас на други држави. Не го поставуваат тие тоа прашање, туку ние, граѓаните на Бугарија со македонска самосвест. Наместо да продолжи да го игра овој театар на сенките, подостојно би било Бугарија да ги прифати препораките на сите меѓународни институции и да почне да разговара со претставниците на македонското малцинство. Треба да ја запре дискриминацијата и асимилацијата и да почне да ја применува Рамковната конвенција за правата на малцинствата.

Позицијата на Бугарија директно ги нарушува фундаменталните принципи на демократијата, правата на човекот и меѓународниот поредок. Таа е директно насочени против:принципот на слобода на национално, етничка и јазична самоидентификација;принципот за суверена еднаквост на државите и забрана за мешање во внатрешни работи на други држави;исклучокот од горното правило според кој правата на припадниците на националните малцинства се составен дел од меѓународната заштита на човековите права и нивната заштита не се третира како мешање во внатрешната работа на државите, слободата на мислење и изразување, академската слобода, и слободата на научните истражувања;правото на образование, на приватен и семеен живот и пристапот кон културата и културното наследство…

Позицијата е скандалозна по содржина, апсурден обид да се зачува една тоталитарна идеологија и претвори во услов за членство во Европоската Унија. Бугарија не смее да ја злоупотребува својата позиција на членка на ЕУ за да шири и наметнува тоталитарни практики. Таа треба да запре да ги користи политичките инструменти за да ја искривува научната вистина, да се обидува да ја пренапише историјата и да им го менува идентитетот на луѓето, дури до степен да негира меѓународно признат и изучуван низ универзитетите низ светот јазик и да го претвора неговото објективно постоење во политички проблем. Политиката треба да се базира на реалности, а не на фикции од комунистичкото минато. Крајно време е бугарските демократи да го остават духот на Тодор Живков конечно да си отиде„, се вели во соопштението.

Тие сметаат дека е лицемерно и срамно е да бараш од другите она што ти самиот на го правиш:да бараш признавање и почитување на малцинства кога ти самиот ги негираш и дискриминираш малцинствата; да претендираш за рехабилитација на жртви на национална дискриминација, кога самиот ги немаш признаено и оправдано стотиците свои граѓани убиени или праќани во затвори и логори, илјадниците иселувани, тепани, бркани од работа и малтретирани на различни начини заради својата македонска самоопределба и самосвест;да се жалиш нa говор на омраза кога кај тебе таа е неофицијално озаконета и претворена во норма на поведение;да се жалиш од дискриминација кога постојано го правиш тоа.

,,Бугарија бара да измисли раска во окото на Македонија занемарувајќи и оправдувајќи ги гредите во своето. Фактите се неспорни. Бугарија е осудена 13 пати во Стразбур за тоа што ги дискриминира Македонците, додека Македонија е осудена само еднаш за дискриминација на Бугари.

Ја повикуваме Бугарија како членка на ЕУ да ѝ даде пример на Македонија откако самата ќе ги примени европските принципи, да почне да ги почитува правата на Македонците во Бугарија, да го запре говорот на омраза и да даде пример за добрососедство откажувајќи се од сите услови кои не се дел од нормалните услови за европска интеграција, како и од намерата да ја злоупотреби својата позиција на земја членка.Да ѝ стави крај на политиката на негирање, дискриминирање и асимилирање на Македонците – последната тоталитарна политика во европскиот сојуз.

Го повикуваме европскиот сојуз и секоја држава членка да ја вразумат Владата на Бугарија и да не ѝ дозволуваат да ја срамоти ЕУ со апсурдните услови што ги поставува и да побараат од неа – самата да ги исполни условите задолжителни за секоја една европска членка.Ние нема да престанеме да постоиме само затоа што на некого во Софија многу му се сака и му се верува дека не треба да не има“, се вели во писмото чии потписници се ОМО „Илинден“-ПИРИН, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот терор, Граѓанско друштво за заштита на основни индивидуални човекови права, Македонски дискусионен клуб за етничка толерантност, Правозаштитен комитет Толерантност, весникот „Народна волја“ и билтенот „Македонски глас“.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Форум за демократска Македонија: „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија (#ФДМ) – натпартиска и мултиетничка организација на македонски иселеници, повторно изразува сериозна загриженост по повод политичките случувања во државата во изминатите неколку месеци.

ФДМ, следејќи ги последните случувања, цени дека продолжува нефункционирање на правната држава и институциите, се оддолжуваат неопходните реформи и ветените системски решенија. Низата неодамнешни настани укажуваат на немање доволен капацитет, неподготвеноста, неволноста и неспособноста на институциите за справување со тековните предизвици како што се корупцијата и злоупотребата на моќ, што, пак, остава простор за многу шпекулации. Институциите на системот мораат да покажат дека правната држава функционира, без разлика од каде доаѓа криминалот и високата корупција. Случаите како „Рекет“ или „Диафарм“ мораат да имаат правна разрешница, мета организацијата.

Според нив, и покрај тоа што сметаме дека законот за ЈО треба да биде изготвен од правната и стручна јавност, а не од партиите, законот требаше и да ја покаже способноста за надминување на дневно политичкото поентирање меѓу власта и опозицијата и поставување на државните интереси во прв план, со што ќе се покажевме во светлото на функционална демократија од западен стил.

„За жал, во тој поглед партиите не се надминаа себеси, и политичкиот компромис повторно го наоѓаат на сметка на републиката, наместо во нивните партиски интереси. Владеење на правото, односно борбата со корупцијата е можеби најголемиот приоритет на земјата на патот кон ЕУ и НАТО. И ние стоиме зад забелешките кои доаѓаат од меѓународната заедница токму на овој план.

Во моментов нашата татковина e истрошена и безнадежна како резултат на долгогодишната катастрофална политика на партиите на власт. Граѓаните се изморени од кризата, а особено младата генерација која масовно ја напушта државата. Апатијата што го зафати општеството ќе резултира со уште поголема апстиненција на следните избори , што ќе го доведе до прашање нивниот легитимитет. ФДМ бара од владејачката коолиција да ги преземе сите можни законски мерки за расветлување на случаите и да ја утврди и обелодени одговорноста на сите кои биле вклучени. Сè  друго ќе ја зголеми веќе постоечката недоверба на граѓаните во институциите и капацитетот на оваа влада да ја води земјата кон декларираните цели, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Дијаспора

Почина Јордан Костадинов, лидер на ОМО Илинден

Објавено пред

По кратко боледување, во осумдесет и седмата година од животот, почина Јордан Костадинов Иванов во својот дом во Сандански. Јордан Костадинов е роден на 9 ноември 1932 година во село Врапче, Пиринска Македонија.

Јордан Костадинов е македонски национален деец од пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Бугарија и познат на македонската јавност и на Македонците во светот. Како македонски национален активист во периодот до деведесеттите години од минатиот век бил двапати затворан од бугарската власт, секогаш со задолжителен престој во најтешки затворски услови.

Во 1990 е еден од основачите на македонската организација ОМО Илинден и нејзин лидер. Целиот свој живот го посвети за човековите и националните права на Македонците во Бугарија како бескомпромисен и смел борец за македонската кауза. Лично, со неговите соборци од организацијата, во повеќе наврати поведе судска постапка пред Судот за човекови права во Стразбур и повеќепати во Бугарија беше осуден за кршење на човековите права.

Погребот на Јордан Костадинов ќе биде утре во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион31 минута

Државниот обвинител на Хрватска даде оставка поради членство во масонска ложа

Главниот државен обвинител на Хрватска, Дражен Јелениќ, поднесе оставка поради членство во масонска ложа. „Се појавија инсинуации во врска со...

Топ1 час

Полициска акција за заплена на кокаин во Сарај

Полицијата врши претреси на повеќе локации во Крушопек, село во општина Сарај, по добиени сознанија за трговија со кокаин. „Министерството...

Македонија3 часа

Владата: Решенијата на Чулев се поништени законски

Владата ја демантира изјавата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека одлуката за поништување на решенијата и наредбите...

Македонија3 часа

(Видео) Обвинет во „Монструм“: Тодоровски ми даде да потпишам изјава, но не ме малтретирал

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири на денешното рочиште рече дека никогаш не кажал дека бил под тортура од ексдиректорот на...

Топ4 часа

Вработен во ПИОМ подигал пари од пензија на почината жена

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија5 часа

(Видео) Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР, без одлука на Владата

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат во „Службен весник“ поништил 124 решенија за распоредување во МВР оти за нив немало одлука...

Македонија6 часа

„Телеком“ презел безбедносни мерки за повиците од непознати дестинации

„Македонски телеком“ ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници,...

Македонија6 часа

(Видео) Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија6 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет6 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија8 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија9 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија9 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија10 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет10 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет11 час

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион11 час

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион11 час

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет12 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Досие