Контакт

Македонија

ООУ „Димитар Миладинов” прослави 65 години

Објавено пред

Со шест и полдецениски времеплов учениците од основното училиште „Димитар Миладинов“ денес ги вратија скопјани во минатото.

Одбележаа 65 години од постоењето на училиштето со потсетување на секоја декада поединечно. Одбележувањето почна со југословенското знаме кое се развеа на бината во Дом на АРМ, а продолжи со ученици кои со титовки на главите и црвени марами околу врат потсетија на заклетвата што ја давале титовите пионери во училиштето. Учениците од останатите одделенија различните периоди од постоењето на училиштето ги претставија низ танц, пеење и цртање.

„Се потсетивме на минатото за да се раскрилиме кон иднината“, рече директорката Маја Ангелова.

Таа повика заеднички да направиме сè што е во наша можност за нашите деца да бидат подобри. Ги повика наставниците да ги сакаат учениците и да ги препознаваат нивните таленти, од родителите побара да бидат рамо до рамо со наставниците, а од учениците побара дисциплина и упорност.

„Сите нè поврзува љубовта. Ако немам љубов, ништо не сум“, рече директорката Ангелова и подели благодарници на дел од соработниците.

Јубилејот на учениците и на наставниците им го честиташе градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, а салата во Дом на АРМ беше преполна родители, баби и дедовци. Си заминаа со силни емоции за изминатото време, но и коментари дека е време Дом на АРМ да се реновира, тргнувајќи од крцкавите столчиња, преку техничките проблеми со озвучувањето поради кои и говорниците потскокнуваа кога ненадејно ќе се засилеше звукот, па сè до неуредениот двор.

Македонија

Градоначалникот на Бутел негативен на коронавирусот

Објавено пред

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, преку „Фејсбук“ соопшти дека добил негативни резултати на тестовите за Ковид-19.

„Сакам да ве информирам дека двата теста, кои ми беа направени преку брис и преку крв, се негативни и не чувствувам никакви симптоми.

Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе го почитувам препорачаниот рок за самоизалоција“, напиша Смилевски.

Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на финансиската полиција негативен на Ковид-19

Објавено пред

Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми, е негативен на коронавирус, објави тој на својот фејсбук-профил. Тој вели дека според препораките на епидемиолозите, до 9 јуни ќе остане во самоизолација.

„Сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста.

На сите оние што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите други сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции“, напиша Муареми на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијансата за Албанците: ДУИ ги злоупотребува администраторите како жив штит за политички интереси

Објавено пред

Алијансата за Албанците ја обвини ДУИ дека пред избори се фали со новиот закон за администраторите.

„Речиси две децении на власт, а на ДУИ дури сега само пред изборите ѝ текна да се фали со новиот закон за администраторите?!
Ја потсетуваме владејачката партија дека многу студии од невладини организации зборуваат за централизирана администрација што им служи на владејачките партии за заштита на партиските интереси. Партија како вас, која прави сè за да ужива во власта со злоупотреба на работната сила што за вас се преведува само како глас и ништо друго!

Имаме преоптоварена администрација во која има луѓе што со години немаат ниту едно напредување во кариерата, а во истата администрација има и други луѓе што напредуваат за половина година со помош на партијата. Сè уште се соочуваме со етничка дискриминација затоа што, за жал, немаме ниту соодветна застапеност!

Граѓаните се презаситени од вашите предизборни приказни, на кои вие само им ги менувате насловите.

Наместо да се пофали, ДУИ треба да се срами што по сите овие години на власт, денес пред изборите излегува и зборува за правата што вработените во овој сектор би требало одамна да ги имаат.

Оваа одлука е во продолжение на политичките одлуки од изборен интерес и историјата докажа дека ДУИ не е во состојба да направи реформи и да ги спроведува законите што се појавуваат само на хартија. Со ДУИ на власт овој закон ќе продолжи да ја доживува истата судбина.

На нашата администрација ѝ се потребни радикални реформи, кои ќе придонесат за демократија и нормално функционирање на земјата, се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет4 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија5 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија7 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија8 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија9 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија9 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион12 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија12 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион13 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет14 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет14 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт15 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа15 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет15 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет1 ден

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет1 ден

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Досие