Контакт

Македонија

Опозицијата бара да се осуди одлуката за нова кандидатура на градоначалникот на Лозово

Објавено пред

Кандидатот на СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, малтретираше бремена жена која го загуби бебето од стрес, ги повикуваме сите општествени чинители да ја осудат одлуката на Заев, порача на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

„Велковски вршеше повеќемесечен мобинг и малтретираше жена која претходно 14 години била вработена во општината, но како резултат на бруталната тортура, истата доживеа спонтан абортус на нејзиното 7-месечно бебе, а потоа беше избркана од работа. Сторијата на Виолета Колева е тажната реалност која ја живееме со СДСМ и тажната реалност со која се соочуваат многу жени со оваа власт“, рече Панова.

Таа нагласи дека со самото тоа што Заев го предлага Ацо Велковски како кандидат за градоначалник за Лозово го одобрува мобингот врз Виолета, а истовремено остава можност и за малтретирање и мобинг во иднина.

Панова додаде дека никаде, а најмалку во политиката не смее да има место за насилници и луѓе што малтретираат и вршат мобинг врз жени. Таа го повика Клубот на пратенички во Собранието да реагира и да ја осуди одлуката на Заев и СДСМ за кандидирањето на Ацо Велковски.

Истовремено ги повикува Хелсиншкиот комитет, Маргини, но и други невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права да го осудат овој чин и да побараат одговорност.

Панова побара реакција и од Народниот правобранител, но и од сите институции кои до сега молчат во однос на овој случај.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

На Табановце и Богородица се чека 1 час

Објавено пред

На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце времето на чекање е 1 час, за излез на ГП Ќафасан се чека 15 минути а на ГП Богородица времето на чекање за излез е околу 1 час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Плажите се прочистени од дивоградбите, стопирано е извитоперувањето на природното наследство

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот повика на одговорно однесување од сите во државата кон Охрид како природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 44-та сесија во Фуџи, Кина, донесе одлука природното и културно наследство на Охридскиот регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

„Сите институции, посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме со усул, водејќи грижа за ова богатство, кое е првиот тригер за привлекување на туристите во Охрид и во Струга. Ја имаме одговорноста сите да продолжиме по тој пат“, повика Заев.

Заев, укажа дека оваа одлука не значи дека работата е завршена, иако, како што рече, таа значи верификација за тоа што е направено во последните неколку години, со оглед дека извештаите од 2014, 2016, 2017, кои биле правени со мониторинг мисии јасно укажуваат на девастацијата наназад, а во последните години исто укажуваат на сѐ што e постигнато.

„Успех е донесувањето на планот за управување со охридското крајбрежје, изградбата на колекторот и продолжување на доизградбата на канализационите притоки, пречистителните станици, конечно влегување во клинч со расчистување на плажите што не е благопријатен процес, но е со цел унифицирање и враќање на плажите онака како што УНЕСКО тоа го предвидува и дозволува, на начин на којшто ќе се договорат општинските власти, државните институции и граѓаните. Денес плажите се целосно прочистени од дивоградбите, од бетоните, од железата, сето тоа кое што беше констатирано во извештаите од одземањето на парцелите на МПЦ-ОА заради мегаломанството на Субрата Рој поддржано од тогашните власти, до носењето морски песок на крајбрежјето на Охридското езеро и целосно извитоперување на природното наследство, уништувањето на културната традиција и наследство и во делот на 365 цркви, џамии и сите верски објекти, што се меѓу причините за негативните извештаи“, посочи Заев.

Потенцира дека Владата останува цврсто посветена на зачувување на статусот светско наследство, за природното и културно наследство на Охридскиот регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во општина Студеничани се одржа вонредна седница на Советот на општина Студеничани, на која присустуваа градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски заедно со помошник директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево Миле Трифуновски.

На седницата беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување, посочија од ова министерство.

Додаваат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

„Советот на општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31)“, нагласуваат од МВР.

Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).
Ваквите активности како што најавија од МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија3 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија6 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија6 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ7 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ8 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет8 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ9 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет10 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет10 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија11 час

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет22 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет23 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие