Контакт

Македонија

Општина Боговиње ја доби својата прва градинка со капацитет да згрижи 87 деца

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Јета“ во населеното место Камењане, општина Боговиње.

„Градинката ‘Јета’ ќе згрижи 87 деца, организирани во 5 воспитни групи од 0 до 6 години. За неа веќе е подготвен и стручен кадар, кој ќе се грижи децата да добијат квалитетно предучилишно воспитание и образование. Министерството за труд и социјална политика издвои 16.000.000,00 денари како грант за Општина Боговиње во рамките на реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го реализира Министерството со поддршка на Светската банка за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постојните објекти.

Во овој случај се работи за реконструкција и адаптација на постоен објект, кој во минатото бил основно училиште со негова пренамена во квалитетен и енергетски ефикасен објект за згрижување и воспитување деца на предучилишна возраст.

„Ова е осмата градинка што како Влада ја отворивме од почетокот на мандатот и опфат на нови 752 деца во нив. До крајот на мандатот на оваа Влада планиранa е изградба и реконструкција на нови објекти со капацитет за нови 1.900 деца. Продолжуваме кон реализација на нашите проекции, а тоа е опфат на 60 % од децата во предучилишно воспитание и образование.

Градоначалникот на општина Боговиње, Аљбон Џемаили, изрази голема благодарност до Министерството за оваа инвестиција, која воедно претставува и прва детска градинка во општината и е од особено значење за жителите на Камењане. Самото име „Јета“, потенцира градоначалникот Џемаили, значи живот на македонски и симболизира почнување на животот на децата во смисла на нивно социјализирање и влегување во воспитно-образовниот процес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Андоновска: Филипче не најде начин за доволно количини на Клексанот, но најде начин да го поскапи

Објавено пред

Филипче не најде начин да има лекови кои живот значат, како познатиот Клексан, ама најде начин драстично да ги зголеми цените, обвини Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„За основен лек кој не е потребен само за болните од корона, туку и за трудници и останати лица кои имаат проблеми со циркулација, ем нема лек, ем ако го најдете ќе го преплатите неколку пати повеќе. Така државата, или министерот за здравство Венко Филипче преку Фондот за здравство, не најдоа начин да има доволно количини на антикоагулати, лекови кои помагаат да не дојде до згрутчување на крвта и создавање на тромб, ама затоа најдоа начин како да ги зголемат цените“, рече таа.

Колку за илустрација, додаде Андоновска, цената на познатиот антикоагулант Клексан се движеше од 175 до 182 денари, а сега се движи од 255 до 270 денари. Но, вели таа, Фондот ќе ви врати само 101 денар.

„Или цената за 10 фраксипарини од 0,6 во аптека се плаќа 2.675 денари, а Фондот враќа за тоа 1.509 денари минус партиципација 240 денари. Значи за 10 фраксипарини купени во аптека за цена од 2.675 денари, Фондот враќа само 1.269 денари. Или не враќа ниту 50 проценти. Иако цената на лекот е зголемена, Фондот не ја зголемува сумата која треба да им ја врати на граѓаните. Ова е направено со дозвола од министерството за здравство на 10-ти ноември минатата година“, рече Андоновска.

Таа вели дека сумата која Фондот ја враќа не е сменета од 2014 година и дека кога има вакви поместувања на цените на пазарот, мора да се прилагоди и сумата која ја враќа Фондот на граѓаните.

„Министре ставете го и антикоагулантот Ксарелто на позитивна листа, а за веќе споменатите Клексан и Фраксипарин, направете реално да бидат на позитивна листа, а не граѓаните да плаќаат повеќе од 50 проценти од цената, тоа не е позитивна листа“, рече Андоновска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дванаесетто издание на „Вечери на женски права“

Објавено пред

„Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 година традиционално се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март.

Преку уметност, филм и музика, „Вечерите“ поттикнуваат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања. Оваа година, „Вечерите“ се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март: „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.

12-тото издание на „Вечерите на женски права“ ќе се одржи од 6 до 8 март 2021 во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, како и на крајот на мај во Кинотеката на С. Македонија.

Овогодинешното издание на „Вечерите на женски права“ е организирано од страна на Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците: Владата е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните

Објавено пред

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на Албанците ја обвини Владата дека е неспособна да им обезбеди вакцини на граѓаните.

„Деновиве, кога сите земји во регионот продолжуваат да ги имунизираат граѓаните со вакцини против Ковид-19 и кои се гордеат со конкретни бројки за вакцинирање по глава на жител, Владата на Република Северна Македонија не успева, по сите обиди, да обезбеди вакцини. Сите сме сведоци дека на овој мозаик на неуспеси му беше додаден и неспособноста да се обезбеди кинеската вакцина. Звучи изненадувачки, но земји како Црна Гора и Унгарија, успеаја да ги набават планираните вакцини од контингентот на овие вакцини, додека граѓаните на Северна Македонија уште еднаш слушнаа само празни зборови и ветувања“, велат од Коалицијата.

Ова бесконечно пролонгирање на имунизацијата на населението, додаваат од таму, покрај тоа што директно ги загрозува животите на граѓаните, сега кога се појавува и третиот бран на пандемијата, исто така крајно ги намалува надежите за постепено отворање на нашата држава и домашната економија.

Од Коалицијата велат дека театарот со гласање на доверба на Владата во Собрание не ги покрива загубите на десетици животи на граѓаните..

Прикажи повеќе...

Најново

Топ56 минути

Кривична пријава за жител на Трпејца, со лажен елаборат изградил куќа во Националниот парк „Галичица“

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Трпејца затоа што со фалсификат геодетски елаборат изградил куќа во месноста „Трпејчко кале“ што е...

Македонија2 часа

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија2 часа

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ3 часа

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија4 часа

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион4 часа

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Свет17 часа

СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина...

Европа18 часа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Македонија22 часа

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија1 ден

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија1 ден

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ1 ден

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ1 ден

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион1 ден

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа1 ден

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет1 ден

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија1 ден

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион1 ден

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет1 ден

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа1 ден

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Досие