Македонија
Општина Кисела Вода во селото Драчево од најголемата дива депонија на 5.000 м2 ќе направи нов зелен парк

Жителите од селото Драчево, во општина Кисела Вода, на пролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа. Општина Кисела Вода започна да врши активности за расчистување на една од најголемите диви депонии во селото.
„По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема.
Во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, од место на кое несовесни жители создаваа дива депонија, направи голема хортикултурно уредена зелена парковска површина“, наведуваат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Интерпол ја бара исчезнатата Вања

На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол.
Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери.
„Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВР.
Се додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.
Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, објави МВР.
Освен полицијата, по Вања тргаат и нејзините соученици од училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои лепат нејзини фотографии во градот, а во потрагата се вклучени и семејството, роднини и пријатели и голем број граѓани.
Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче.
Македонија
МВР: Не е вистина дека Вања е најдена во соседна држава

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.
Од МВР преку допис до медиумите велат дека станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не била направена задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.
„Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВР.
Се додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Македонија
Левица: Со карти на Голема Албанија во основно училиште во Струга се навредуваат Македонците

Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци”. На слики од Голема Албанија се фотографираат наставниците покрај децата, што претставува отворен сепарационизам и понижување на македонскиот народ, велат од политичката партија Левица.
„Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, ВД директор е ЛАУРА ШАТЕ, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко.
Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и Претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена ВД директорката. На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај!“, додаваат од патијата во допис до медиумите.