Контакт

Македонија

„Орка холдинг“: Ниту една фирма на Камчев не финансирала изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Орка холдинг“ ги демантира тврдењата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, дека Орце Камчев финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

„Најостро и со целосна одговорност ги демантираме тврдењата што денеска ги произнесе Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, дека Јордан Камчев, односно која било од фирмите на Јордан Камчев, била вклучена во финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Овие тврдења, кои се на ниво на шпекулации, произлегуваат единствено од меѓупартиското нетрпение и се резултат единствено на меѓупартиска престрелка. Недозволиво е со цел освојување ситни партиски поени да им се задава ваков удар на приватните компании, кои како значајна гранка од економијата на оваа држава успешно работат и без никакви државни тендери или државна помош вработуваат огромен број луѓе и придонесуваат за нејзиниот развој“, се вели во демантот.

Во случајот, додаваат од компанијата, ја информираме јавноста дека станува збор за компанија што моментално вработува 2.670 луѓе и само во периодот од 1 јануари 2019 до 30 јуни 2019 година во буџетот на РСМ, по основ на разни даноци и придонеси, исплатила 14 милиони евра, а во истиот период, по основ на плати за вработени, исплатила бруто-вредност од 17 милиони евра, од кои 5 милиони за придонеси.

„Спротивно на она што моментно се случува, сметаме дека државата и партиите се оние што треба да го поддржат и помогнат работењето на ваквите компании кои нудат вакви вредности за сите, а не да го рушат нивниот углед и да фрлаат црна сенка врз нивното работење“, се вели во демантот на „Орка холдинг“.

Македонија

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Објавено пред

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук.

Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.

Американските авиони полетаа од сојузната држава Јужна Дакота и ќе имаат 30 часовен непрекинат лет со полнење гориво во воздух. Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

АВМУ ги осуди заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан

Објавено пред

Во врска со заканите коишто вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во кумановско, Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги ги осудува и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

„Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци. Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 440 лица, кои вчера шетале без маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за неносење лична заштита на лицето регистрирани се 440 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

На 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице што на ја почитувало мерката за самоизолација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Во Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред во Нов Зеланд не е потврден ниту еден нов случај на коронаворус. Здравствените власти соопштија дека...

Македонија53 минути

Американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

Американската поддршка на нашата земја продолжува со несмален интензитет и по влезот во НАТО. Околу 11.20 часот два авиони на...

Свет2 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион3 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет3 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа3 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет3 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија3 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија17 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион17 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ19 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија20 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија20 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија22 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија22 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија23 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија23 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија23 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија1 ден

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Досие