Македонија
Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот „Ласкарци“ побара одбраната

Ослободителна пресуда за обвинетите, односно за второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“, побара одбраната во завршните зборови во Кривичниот суд во Скопје.
Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо турс“, ниту еден доказ не докажал дека се исполнува обвиението што му се става на товар на обвинетиот.
„Ниту еден доказ не значи дека го исполнуваат битието на обвинението што му се става на товар. Бараме ослободителна пресуда бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека го сторил делото, рече таа.
Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, адвокатката Ружа Томеска, истакна дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда.
Се осврна на сведочењата на оштетените, кои, како што рече, тврделе дека возачот не кочел, што, според неа, упатува на тоа дека случувањето на несреќата е субјективен фактор.
Завршни зборови по паузата се очекува да дадат и одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.
Во текот на изминатата расправа завршни зборови дадоа јавниот обвинител Дарко Јакимовски и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули.
Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече, „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.
Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ.
„Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана од страна на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски укажува на тоа дека сите биле вмешани или на некој начин знаеле за нелегалното работење на Пулс и тоа го одобрувале.
Само поради обидите да се сокрие одговорноста од страна на Тошковски и Мицкоски на лицата кои тие ги поставија за полицајци, командири и началници би требало веднаш да си поднесат оставки.
Одговорност мора да има и за Александар Јанев, директорот на БЈБ. Тошковски и Јанев не смеат повеќе да ја попречуваат истрагата ниту да влијаат некој да не сноси одговорност.
Вистината за Кочани која цела недела ја објавуваше СДСМ е точна. Се покажа дека без силен притисок на јавноста, на дел од медиумите и на СДСМ нема да има правда за Кочани. Време е за одговорност, време е за оставки“, се додава во соопштението на СДСМ.