Контакт

Македонија

Османи: Амбасадорот Герет имаше клучна улога за денешниот успех на Македонија

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Герет по повод завршувањето на неговиот мандат. Османи му се заблагодари на Герет за неговата, како што рече, упорност да ѝ помогне на Македонија да ја преброди длабоката политичка и институционална криза.

Османи истакна дека Герет имал една од клучните улоги за денешниот успех на државава.

Покрај стратешките цели на државата, како што се ЕУ и НАТО-интеграцијата, Османа посочи и на постигнатиот напредок во соработката во различни области: поддршка на реформите во македонската администрација, образованието, во правосудниот систем, демократијата и социјалната кохезија, реформи во безбедносниот систем итн. „Македонија и Велика Британија остварија соработка во голем број области, и најмалку што очекувам е оваа соработка да продолжи и во иднина, а се надевам, и да се продлабочи“, истакна Османи.

Македонија

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Објавено пред

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на коронавирус.

„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација, им посакувам брзо оздравување и добро здравје“, напиша таа на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спроведени контроли кај над 2.000 угостители, во 24 објекти не се почитувале заштитните мерки

Објавено пред

Од почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли на вкупно 2.184 објекти, информираат од МВР.

При проверките било утврдено дека 24 угостители не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1.573 биле направени за време на викендот (од петок до недела), а 483 во текот на вчерашниот ден.

Понатамошното постапување по однос на констатираните прекршоци е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вчера 585 лица затекнати без маски, во изолација испратени 337 граѓани

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани прекршувања на мерките.

Во однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 585 прекршоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија2 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион3 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет4 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет4 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт4 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа5 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет5 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет16 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет17 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија17 часа

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија21 час

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија22 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија23 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија24 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија1 ден

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион1 ден

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија1 ден

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија1 ден

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Досие