Македонија
Османи во Брисел на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово учествуваше на работен појадок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија што се организираше под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас. Работниот појадок беше посветен на европското досие на Северна Македонија, а се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Исто така, на средбата беа присутни и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Жозеп Борељ и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.
„Оваа средба коинцидира со војната во Украина и случувањата од последните недели го сменија контекстот на нашите разговори, но и на геополитичките и стратешките приоритети на европскиот континент. Нашиот дијалог добива пресвртница во однос на итноста од носење одлуки што ќе ја детерминираат европската иднина на Северна Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан“, истакна Османи.
Во овој контекст, Османи додаде дека Северна Македонија како кредибилна земја кандидат, 100% се усогласи со санкциите на ЕУ кон Русија, но и понуди хуманитарна помош и ги отвори вратите за засолниште на сите што бегаат од страшната војна во Украина.
На појадокот, министрите изразија силна поддршка за лидерството во Северна Македонија, кое недвосмислено и посветено работи на исполнување на европската реформска агенда и на добрососедските односи со што земјата е препознаена како веродостоен партнер, која ги почитува европските правила, стандарди и вредности.
„Унијата покажа дека знае да се обедини во историски времиња, да ги донесе вистинските одлуки, да изгради консензус, а ние покажавме дека стопроцентно стоиме зад овие одлуки“, заклучи Османи.
Во дискусијата преовладуваше мислењето дека одлуката за одржување на првите меѓувладини конференции и отпочнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, за време на француското претседателство со ЕУ би била правилна и правична работа со многу позитивни ефекти за целиот регион.
Оваа средба беше одлична можност Османи да се сретне и да размени мислења со повеќето шефови на дипломатии од земјите членки на Унијата, а имаше и одвоена билатерална средба и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Во текот на денот предвидено е негово обраќање на АФЕТ во Европскиот парламент, средби со повеќе европратеници, со групата „Пријатели на Северна Македонија“ и со неколку високи претставници во институциите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
„Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница“, реагираат од партијата.
Според СДСМ, Арсовска одново докажува дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.
„Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Што зборувал Џафери со контроверзните Чеченци кои се верни следбеници на Путин?

Собранискиот спикер Талат Џафери влегува од скандал во скандал, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин“, посочуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ.
„Џефери на 10. јули 2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја-членка на НАТО. Зарем и во други земји-членки вакви лица блиски до Кремљ слободно се шетаат во нивните парламенти“, прашуваат од партијата од каде се во дилема и за тоа што разговарал Џафери со Чеченците.
„Според информациите во странски медиуми, гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сончево и топло време со температури до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.