Контакт

Македонија

Османи во Будимпешта: Потребна ни е правилна интерпретација на сегашноста и иднината

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Унгарија оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

На средбата беше разговарано за последните актуелности во ЕУ поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија, како и темите поврзани со меѓусебната соработка, развојот на билатералните односи, со посебен акцент на потенцијалите за унапредување на економската соработка.

„Како непосреден сосед на регионот, особено ја цениме принципиелната поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна позиција за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија без никакво одложување. Вчерашните одлуки во Брисел и неуспехот на Унијата и во последниот обид на германското претседателство да оформи консензус за преговарачката рамка не се во оваа насока, и дозволете да констатирам дека, тоа се доживува со длабоко разочарување во Северна Македонија“, истакна Османи, посочувајќи притоа на фактот што 26 земји членки ја потврдија подготвеноста на земјата за почеток на преговорите, како признание и за реформскиот напредок и за позитивниот пристап во добрососедските односи.

„Во вчерашните заклучоци на ЕУ се вели дека земјите кандидати треба да сторат сè за да стават крај на неправилната интерпретација на историјата. Се согласувам, но сметам дека ‘слонот во собата’ е повеќе како да се спречи неправилната интерпретација на сегашноста и на иднината“, истакна Османи, посочувајќи на Договорот за распоредување на силите на Фронтекс, кој стои заглавен во телата на Унијата, токму поради противењето на Бугарија да прифати да ја признае сегашноста.

Во оваа насока, министерот посочи дека овој предизвик Република Северна Македонија го има премостено преку билатерални договори со земјите членки на ЕУ, што дополнително говори за автентичниот европски курс на земјата.

„Благодарност за придонесот и активниот ангажман на унгарските полициски сили, кои им даваат драгоцена помош на своите колеги од Северна Македонија при надзорот на нашата јужна граница. Во рамките на оваа поддршка, досега на ротација во нашата земја беа вкупно 55 контингенти, или преку илјада и петстотини (1.598) унгарски полицајци“, истакна Османи, упатувајќи притоа балагодарност и за значајната хуманитарна помош од страна на Унгарија, како дел од мерките за успешно справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Двајцата министри се осврнаа и на традиционално блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Унгарија зајакнати од март ова година во духот на евро-атлантското партнерство и сојузништво.

На состанокот кој од соговорниците беше оценет како исклучително продуктивен, покрај бројните теми, беа потпишани и два документи меѓу двете држави: едниот за соработка во областа на високото образование и науката; а вториот, за соработка во делот на дипломатските обуки меѓу двете министерства за надворешни работи.

За време на престојот во Будимпешта, Османи ќе оствари средба и со советниците за надворешна политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан – Јанош Бала и Јанош Мате.

Посетата на Унгарија претставува дел од мини турнеја на министерот за посета на земјите членки на ЕУ дел од поширокото соседството на Западниот Балкан. Во рамките на турнејата Османи веќе оствари посета на Чешка и Романија, а мини турнејата на поширокиот регион завршува на 21 декември со посета на Виена.

Македонија

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Објавено пред

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд и социјална политика информира дека во согласност со Уставот правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години.

Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат.

„Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“, појаснуваат од МТСП.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ковачки: Одговорност од Шекеринска и Пендаровски за бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО

Објавено пред

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од  министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, бламот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.

„Шекеринска и Пендаровски да не се кријат зад партиски соопштенија зад СДСМ и да одговорат кој и зошто ги прекршил процедурите при номинациите за воен претставник на Македонија во НАТО во Брисел. Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам. Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност“, рече тој.

Според Ковачки, Шекеринска и Пендаровски, ја понижуваат и Македонија и алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО.

„Јавноста мора веднаш да добие одговор на прашањата: дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници, дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира и ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување“, праша Ковачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Талески ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на НАТО

Објавено пред

Новиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, денеска ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на aлијансата, Јенс Столтенберг.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Столтенберг.

Со предавањето на акредитивните писма и официјално почнува мандатот на Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30. полноправна членка на НАТО на 27 март минатата година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

МТСП: Жените може да се пензионираат и на 62 години, доколку тие така одлучат

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет10 часа

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт10 часа

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија10 часа

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет12 часа

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија14 часа

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет14 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија14 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ15 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија16 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија17 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа17 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет17 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион18 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет19 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет19 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет19 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет1 ден

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ1 ден

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет1 ден

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Досие