Контакт

Македонија

Османи: Европа нема да дозволи колапс на процесот на проширување во октомври

Објавено пред

„Не само што се надевам туку и очекувам позитивна одлука за Република Северна Македонија на самитот на ЕУ во октомври“, истакна вицепремиерот Османи на самитот на „Економист“ на тема „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ во Скопје.

Тој посочи на значењето на позитивниот исход од октомврискиот самит на ЕУ за земјата, за регионот, но и за целиот континент.

„Доколку ЕУ не одговори позитивно на напредокот на Северна Македонија, ќе го поткопа сопствениот кредибилитет, ќе ја загрози европската перспектива на регионот, а со тоа и самиот процес на проширување онаков каков што го знаеме“, истакна Османи.

Тој се осврна и на актуелностите во земјата и регионот поврзани со проширувањето на Европската Унија во контекст на очекуваните резултати и одлуки од претстојниот европски самит во октомври. Притоа, тој го потенцира успехот на Северна Македонија во затворањето на поголемите прашања со соседите, како и спроведените европски реформи, со што стана лидер во ширењето на европската идеја на Балканот.

Вицепремиерот Османи се обрати на панелот „Перспективата на ЕУ“ заедно со Гај Верхофштат, поранешен премиер на Белгија и актуелен европратеник, и Димитриос Пападимулис, потпретседател на Европскиот парламент. На самитот на „Економист“ меѓу гостите и панелистите беа и премиерот Зоран Заев, поранешниот помошник-американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Гај Верхофштат, Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент, како и други познати сегашни и поранешни политичари и функционери од Европа и САД, а учество зедоа над 400 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании важни за регионалната амбиција за евро-атлантски интеграции, како и новинари.

Македонија

24 Мај – Ден на сесловенските просветители неработен за сите граѓани

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Објавено пред

Вардар, Скопје, МТВ

Времето денеска во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје, во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утре ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер. Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Објавено пред

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

По состанокот во Процесот „Брдо – Бриони“, Милановиќ оцени дека условите што се поставени пред Македонија за почеток на преговорите со Унијата се невозможни.

„Станува збор за невозможни услови што им се поставени за преговори со ЕУ и тие се однесуваат на содржината во учебниците по историја во Северна Македонија. Тоа што во моментот една членка на ЕУ го прави во Северна Македонија е навлегување во интимен простор. Се бара еден кандидат за време на преговорите за членството да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја онака како што тоа го бара соседната држава. Тоа е влез во интимен простор и не треба да се случува“, рече Милановиќ додавајќи дека отворено ќе се спротивстави.

Според него, претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат в година, ќе влијаат на сите земји во регионот кои се во претпристапни преговори со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде побаран...

Свет26 минути

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загина, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет36 минути

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на појасот Газа, израелските сили ја...

Свет45 минути

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион14 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија14 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија15 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа15 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија18 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија21 час

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет21 час

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија21 час

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет22 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет24 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет1 ден

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет1 ден

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија2 дена

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Досие