Контакт

Македонија

Османи: Идентитетските прашања не се и не може да бидат на масата како дел од преговорите

Објавено пред

Она што претставува нова реалност во Северна Македонија е фактот дека како актер на меѓународната сцена дебатираме и одлучуваме директно во Агендата на НАТО 2030, која навремено ги адресира промените во стратешкото опкружување“, согласно стратешките цели и интереси на земјата, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред Комисијата за надворешна политика на Собранието, на која презентираше по однос на точката на дневниот ред во однос на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Во таа насока, Османи до членовите на Комисијата за надворешна политика апелираше на нивна соработка и кооперативност во смисла на градење на квалитетна и широка дипломатска мрежа.

„ Испраќањето амбасадори не треба да биде дел или да биде жртва на некакви актуелни политички несогласувања или дневни надмудрувања. Тоа е процедурална должност на сите инволвирани институции, свесни за потребата од активна функционална и професионална дипломатија, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија“, истакна Османи.

Осврнувајќи се на нашето членство во ЕУ, Османи нагласи дека државата успеала да обезбеди јасна поддршка за напорите за неодложно започнување на преговорите, за што доказ е енергичноста и посветеноста на Германското претседателство со Советот на ЕУ, како и охрабрувачката поддршка од Португалија, која отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, го има високо на агендата.

Османи потенцираше дека Северна Македонија демонстрираше проактивен, позитивен и конструктивен пристап на сите можни нивоа.

„ Она што знам дека најважното прашање за кои се загрижени граѓаните, а ценам дека секогаш сме биле јасни е дека идентитетските прашања, како што е македонскиот јазик, македонската етничка посебност, не се и не може да бидат на масата како дел од преговорите. Процесот е сложен а целта е заедничка, одржување на Првата меѓувладина конференција и формално започнување на пристапните преговори со ЕУ“, заклучи Османи.

Министерот Османи во Скопје допатува од Братислава, каде, заедно со својот словачки хомолог, Иван Корчок, свечено ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во оваа земја.

Македонија

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Објавено пред

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа.

„Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор“, соопшти Владата.

Причините за неговото разрешување не се наведени. Тој беше поставен на функцијата директор во јануари оваа година.

Претходно, Сугарески беше министер за транспорт и врски. По парламентарните избори, на негово место за министер беше именуван Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пет милиони денари за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик

Објавено пред

Министерството за култура ќе потроши пет милиони денари за дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

„Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, и го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5.000.000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, а согласно објавениот јавен повик“, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

За шест часа казнети 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Објавено пред

Полицијата вчера за шест часа казни 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија2 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија2 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион15 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион17 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија19 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија20 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија20 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија22 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија23 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ23 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет1 ден

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ1 ден

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет1 ден

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија1 ден

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет2 дена

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет2 дена

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет2 дена

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Досие