Контакт

Македонија

Османи: Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Османи рече дека досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата го даде во надминувањето на многуте предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото се од голема полза за Република Македонија.

„Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период вклучувајќи ја тука и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претстојните претседателски избори, имајќи предвид дека наш приоритет се слободни, фер и веродостојни претседателски избори“, истакна Османи посочувајќи и на преостанатите реформи што ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската комисија во април.

Во оваа насока тој изрази задоволство од изгласувањето на новиот закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, кој ќе придонесе во постигнувањето поефикасна превенција и борба против корупцијата, a истовремено изрази задоволство што со него се зајакнуваат и ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата, чиј нов состав ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

Македонија

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија и земјите – членки на Унијата, а во пресрет на Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата Османи ќе оствари и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција, каде ќе бидат отворени прашањата за билатералната соработка меѓу двете земји, особено во рамките на предвидената соработка за европските интеграции на земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Температурата денес ќе достигне 31 степен, сончевото време ќе продолжи и во следните денови

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со температура до 29 степени.

Во следните денови, како што информираат од УХМР, продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Сарај, Студеничани, Кисела Вода…

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот и без електрична енергија ќе останат делови на Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Сопиште и на Центар.

Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од с. Глумово, дел од с. Сарај, с. Шишево, полициската станица во с. Глумово и фирмите „Адриус“ и „Бис-оил“ (општина Сарај), од 14 до 14.30 часот корисниците околу главниот влез на фирмата „Фруктал“ во с. Студеничани (општина Студеничани), од 9 до 12 часот корисниците од ул. 1513 во населбата Пинтија (општина Кисела Вода), од 9.15 до 13.30 часот корисниците од дел од с. Горно Соње, воениот објек во Горно Соње и месноста наречена Коштан (општина Сопиште) и од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Ганчо Хаџи Панзов (општина Центар).

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија19 минути

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт11 час

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија13 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија14 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија15 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ16 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија16 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија16 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија18 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија20 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет21 час

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ22 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ22 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија24 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа1 ден

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт1 ден

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија2 дена

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Досие