Контакт

Македонија

Османи и Димитров во Белгија: Препораката ќе значи заокрожување на европскиот оптимизам на Балканот

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на работната посета на Кралството Белгија денеска остварија средба со  Дидие Рејндерс, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни и европски прашања.

„Северна Македонија доби исклучително позитивна оценка од страна на Европската комисија, со прецизна препорака дека е подготвена веднаш да ги почне преговорите, процес што ќе е заокружување на европскиот оптимизам во рамките на земјите од Западниот Балкан, кој, пак, претставува основно гориво за стабилизација и просперитет на регионот“, истакна Османи, пренесувајќи ги на министерот Рејндерс интенциите на Владата да стане партнер на Европската Унија во соочувањето со современите предизвици во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа.

„Стартот на преговорите со Унијата ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите членки“, додаде Османи.

„Билатералната посета на Белгија се случува во клучен момент откако од нејзината престолнина, само два дена претходно, добивме јасна валоризација за сѐ она што постигнавме изминатата година – Северна Македонија да има чисто и убедливо европско досие. Во срцето на земјата основач на ЕУ, онаму каде сакаме да се чувствуваме како дома, охрабрени сме што делиме заедничка визија со Белгија за тоа дека напредокот на секоја земја треба да биде објективно и соодветно препознаен и дека почетокот на пристапните преговори не значи членство, туку само отворање на вратата од еден долг пат на суштествена реформа и позитивна еволуција. Но процесот значи и пристап до една важна и докажана алатка за зацврстување на постигнатиот напредок, натамошен развој и трајна европеизација на Балканот. Тоа е наш интерес, но и силен  интерес на Европската Унија“, нагласи Димитров.

Тој и Османи ги потенцираа заложбите на земјата да продолжи и понатаму со реформската агенда, во насока на трансформација на земјата согласно европските правила и стандарди, но и во насока на имплементацијата на европските вредности дома и во регионот.

Македонија

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање на пациентите во болница.

„Огромен процент од пациентите се со коморбидитети, тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани долго време. Има и сериозен број на пациенти што многу доцна доаѓаат во болница со многу тешка манифестација на болеста и тоа е тренд што нè следи од почетокот. Над 85 проценти од починатите се пациенти што имаат коморбидитети“, вели Филипче.

Тој вели дека во дневните извештаи за Ковид-19 се објавуваат само случаите од изминатите 24 часа, а единствено можно е само еден или двајца да се префрлат од претходниот ден поради доцнење и технички проблеми.

„Ние останавме доследни на тоа што го почнавме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти, кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест и можеби таа била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19“, вели Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата денеска ќе одлучува за набавка на Ремдесивир

Објавено пред

Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот Ремдесивир кој им помага на заразените од Ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека земјава има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусот.

Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде Законот за заштита од заразни болести.

„Се надевам дека пратениците се свесни за состојбата во која се наоѓаме и брзо ќе го изгласаат“, изјави Филипче.

Тој на денешната прес конференција ја запозна јавноста со состојбата во болниците, модуларната болница до Инфективната веќе почнува да се полни, додека одделението во Гостивар е полупразно.

Меѓудругото, Филипче најави дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Објавено пред

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на сметка на Фондот за здравствено осигурување. Но, како што рече министерот за здравство Венко Филипче, првично ќе се зголеми бројот на тестови во државните лаборатории, за дополнително 350 тестови дневно, ангажирани се поголем број лаборанти, па така, според него, ќе се забрзала и процедурата за тестирање.

Со ова, според Филипче, ќе можат да се прават и по 2.000 тестови дневно.

„ Отвораме нови простории утре наутро, во кое ќе имаме лаборанти и ќе ја забрзаме процедурата за правење тестови. Ние се припремавме во текот на целиот викенд, тестови има, лаборанти има, дијагностиката ќе се прави во Институтот за јавно здравје, работиме и прва и втора смена, до 20 часот навечер. Ќе има додатни термини што ќе се прави преку „Мој термин“. Народот прави грешка што доаѓа во 8 сабајле и одма сакаат да бидат тестирани, затоа се создаваат гужви“, рече д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Во текот на неделата, најверојатно ќе бидат достапни и брзите рапид-тестови, каде што резултатот би бил готов за петнаесетина минути.

Од утре, соопшти министерот за здравство, ќе се прават дополнителни 150 тестови во Институтот за јавно здравје, дополнителни 100 теста во Центарот за јавно здравје и 100 уште во лабораторијата во Козле.

„Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории. Мислам дека прашањето ќе го заокружиме до крајот на неделата. Ако утврдиме дека тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните, тогаш ќе се дозволи по референтната цена на Фондот да се користат ресурите на приватните лаборатории. До крајот на неделата ќе донесеме одлука“, рече Филипче.

До пред два дена во државава биле направени 235.038 тестови, од кои 110.910 се направени во приватните лаборатории – Авицена, Биотек, Лаор, Синлаб, Жан Митрев и во Систина. Ова практично значи дека 47 отсто, односно речиси половината од тестовите за Ковид-19 граѓаните ги прават во приватните лаборатории и за нив плаќаат приватно.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија57 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 час

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 час

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија2 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија3 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа6 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ6 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија18 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет18 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион22 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион1 ден

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие