Македонија
Османи: Македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на ЕУ

Во име на транспарентноста, за која секогаш ќе се залагам, уште денес, на веб страницата на Министерството за надворешни работи, е објавена едностраната изјава на Северна Македонија, која e приложена кон Записникот од правата Меѓувладина конференција, напиша на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на официјални јазици на ЕУ и ничија друга еднострана издвоена изјава не може тоа да го поништи“, нагласува Османи.
Во прилог ја додава Едностраната изјава на Република Северна Македонија приложена кон записникот на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино.
Таа беше во кома пет дена, поради силните удари што ги добила во главата.
На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш-кабината во бањата.
Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Македонија
(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот и најголем безбедносен сојуз, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„ Ако до пред само две години седевме надвор и очекувавме што другите ќе одлучат за нас, денес, ние рамо до рамо рамноправно со останатите членки носиме заеднички одлуки. Последен пример за тоа е ратификацијата на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристапување на Финска и Шведска во НАТО.
Истовремено, по 17 години чекање, конечно ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.
Во меѓувреме, наспроти ова државничко однесување на СДСМ и коалицијата, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски гледаме деструктивни постапки со цел да се загрози европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев правеа се, од блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија за да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја загрозат иднината на државата“ рече Каевски.
Тој нагласи дека таквите обиди на Мицкоски и Апасиев пропаднале, дека СДСМ, институциите и граѓаните не дозволиле тие да ја загрозат европската иднина.
„ Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица одново се поразени и одново ќе бидат поразувани се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата“ порача Каевски.
Македонија
(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се во улога на „Големиот брат” како во орвеловата книга 1984, Стојчевска сака да диктира и да цензурира уметниците што смеат, а што не смеат да пишуваат во своите дела, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој додаде дека протоколот кој го потпиша Владата ѝ овозможува на Бугарија секое уметничко творештво да го оценува дали преставува говор на омраза и таквите дела од културата да не смеат да бидат финансирани со народните пари.
„ Ете затоа скафандер министерката за култура дава цензурирачки насоки до уметниците да не творат дела со историски наратив. Оттука е и нејзината скандалозна изјава која што сите за жал ја слушнавме: „Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“, што според неа е „нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро“.
Сега веќе е јасно и кој давал наредби за цензурирање на строфи од песни кои ги пее официјален хор на МОБ, како и цензурирање на официјална државна химна. Замислете, со вакви доктори на науки и професори, во која насока ни се движи образованието коешто ни ги подучува новите идни генерации, а не пак да размислиме во која насока ни се движи културата со ваква министерка.
Според Бисера Костадиновска Стојчевска безмалку најубавите филмски дела кои што ги има оваа држава, романи, песни и драми треба да се зафрлат во подруми и да не се говори за историјата на Република Македонија, нешто што е најсвето. Недостига уште сето тоа да биде поставено на клада целото тоа творештво и да биде спалено“ рече АРсовски.
Тој постави неколку прашања за кои, како што рече, јавноста треба да размисли, а владата да ги одговори бидејќи, според Арсовски, прашањата се многу реални и можно е набрзо да се случат.
-Дали следно ќе биде прогонување на режисерите и сценаристите кои што ги реализирале ваквите дела за кој што говореше Костадиновска Стојчевска и дали можеби ќе им бидат одземени сите награди кој што ги собрале низ годините?
-Дали следно е цензурирање на имињата и укинување на имињата на одредени културно уметнички друштва?
Арсовски обвини дека тоа е невидена цензура на творештвото, согласно Протоколот кој што го потпиша владата. Ваквата изјава на Костадиновска Стојчевска е скандалозна и за тоа мора да понесе одговорност, односно да си поднесе оставка, порача Арсовски.
„ Комедијантката Стојчевска која што нели им наложува да пишуваат комедии, уметниците во Македонија треба да се извини на македонскиот народ и веднаш, ама веднаш дури и денес во недела да отиде да си ги собере парталите од министерството и да го напушти. Што повеќе говори на темата, толку повеќе ја срами цела држава. СДСМ и Стојчевска ќе бидат запаметени како мрачно минато во историјата на Република Македонија“ заклучи Арсовски.