Македонија
Османи на билатерални средби во Торино

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, кој се одржа во Торино, оствари билатерлани средби со министрите за надворешни работи на Грузија – Илија Дарчијашвили, на Азербејџан – Џејхун Бајрамов, на Ерменија – Арарат Мирзојан, на Република Молдавија – Нику Попеску, и првата заменик-министерка за надворешни работи на Украина – Емине Џафарова.
Како што информираат од Министерството, фокусот бил на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, безбедносната состојба во ОБСЕ-регионот, како и нарушената безбедносна архитектура во Европа. Биле разменети мислења и за ситуацијата во Украина и искористувањето на механизмите на Советот на Европа за одговорност за кршењето на човековите права. Била потенцирана и важноста на ЕУ-перспективата како за земјите од Западен Балкан така и за тие од источното партнерство.
Османи укажал дека како дел од триото претседавачи со ОБСЕ оваа година и иден претседавач во 2023 година, Северна Македонија силно се залага за зачувување на основните принципи и вредности на Организацијата – како што се почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на земјите учеснички на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје.
Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции.
Македонија
Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР.
Денес, ќе се задржи многу топло време, во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
В среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Од денес до крајот на периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер.
Македонија
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата

„Силно ги осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата пред објектите на Владата и Собранието.
Вечерва, јавноста виде обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии што не им мислат добро ниту на државата ниту на граѓаните.
СДСМ, институциите и граѓаните нема да дозволат ваквото опасно деструктивно постапување да ја загрози иднината на државата, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“.
Соопштение на СДСМ