Македонија
Османи на видеосредба со министерот за надворешни работи на Португалија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на негово барање, оствари видеосредба со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.
Покрај билатералните односи, тема на разговор беше и европското досие на Република Северна Македонија, особено можностите во рамките на португалското претседателство да се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите со земјава од март минатата година.
Министерот Османи ги поздрави одлучноста и континуираниот ангажман на португалското претседателство со Советот на Европската Унија за европската агенда на Република Северна Македонија и Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вкупно 669 лица се хоспитализирани поради коронавирус во Македонија

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 669 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болниците во Скопје се лекуваат вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19, од кои 36 се хоспитализирани во изминатото деноноќие.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болен, а во Куманово 61 пациент позитивен и суспектен на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 4, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 45, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Македонија
Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани уште 36 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 242 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 11 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 35 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Македонија
Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари се пријавени многу мал број на граѓани од Гостивар и регионот кои спаѓаат во првата категорија за вакцинација над 70 години. Околу 1.500, близу 6.000 граѓани.
„Апелирам до матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат своите граѓани над 70 години со хронични болести. Граѓаните да се пријавуваат и да ги внесуваат во системот „Мој Термин“, заради тоа што тие ќе бидат првите за вакцинација веднаш после здравствените работници“, рече Филипче.
Тој информираше дека лекарите и медицинските сестри од овој град кои работат со ковид пациенти се веќе вакцинирани.
„Мислам дека со интензивна комуникација со матичните лекари, преку кампањата која следува треба да се подигне свеста. Тоа е единствениот начин со којшто ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Во овој момент, ситуацијата во Гостивар е навистина стабилна, под 10тина хоспитализирани пациенти. Но, тоа не значи дека граѓаните треба да се опуштат и да не се носат маските, да се држи дистанца. Се надевам дека граѓаните ќе се приджуваат во мерките, посебно сега кога има зголемен број на пациенти со британскиот сој“, потенцираше Филипче.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер