Контакт

Македонија

Османи на министерскиот совет на ОБСЕ во Стокхолм

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на учеството на Министерскиот совет на ОБСЕ имаше свое обраќање на пленарната сесија на Советот.

Во својот настап пред министрите на земјите учеснички Османи ја нагласи потребата за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува регионот на ОБСЕ, но и пошироко – како транснационален тероризам, закани од трговија со оружје, масовна миграција и растечки хуманитарни кризи. Организацијата со својот мандат и алатки може позитивно да придонесе во таа насока, за што е потребна поголема политичка волја и поддршка од страна на самите држави.

„Како иден претседавач со Организацијата во 2023 година, Северна Македонија ќе работи на зачувување и промоција на основните вредности и принципи на ОБСЕ, почнувајќи уште од почетокот на следниот месец, како дел од триото претседавачи, задно со Полска и Шведска”, истакна Османи

Во рамките на своето обраќање министерот ја посочи Северна Македонија како пример на функционална мултиетничка демократија, во хармонија со вредностите и обврските на ОБСЕ. На крај Османи ја истакна и важноста на европската перспективата за регионот, како важен фактор за неговата безбедност и стабилност.

На маргините на министерскиот совет, Османи оствари средби со колегите од Финска, Полска, Романија,н Малта, Австрија, шефот на делегацијата на Франција, и со претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ.

Македонија

Бочварски: Преку 11 милиони евра инвестиции за нов навигациски систем во М-НАВ

Објавено пред

Преку 11 милиони евра инвестираме во модернизација на навигацискиот систем во М-НАВ, се со цел да овозможиме поефикасно работење на Конторлата на летање и за поефикасен авиосообраќај во земјата, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при денешната посета на М-НАВ.

Бочварски, заедно со заменик министерот Беким Реџепи и менаџерскиот тим на М-НАВ направија обиколка на Контролата на летање и на Навигацискиот центар, каде се запознаа со работата на институцијата.

„ Се наоѓаме на местото каде за прв пат по 25 години започнуваат подготовки за изградба на нов објект за потребите на М-НАВ. Со инвестицијата од 11 милиони евра, освен за изградбата на новата зграда, ќе се набават нови радари, нова опрема за комуникација, нов АТМ систем, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе обезбедиме поефикасно и побезбедно одвивање на авиосообраќајот.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека е задоволен што и покрај ковид кризата успеале да ја обезбедат инвестицијата за модернизација на клучна институција како Македонска навигација.

Директорот на АД Македонска навигација, Хамиди, се заблагодари на Владата за инвестицијата која ја потенцираше како клучна, бидејќи како што напомена, повеќе од 25 години никој не вложил во М-НАВ.

„ Чест ни е што и покрај кризата од ковид пандемијата, во 2021 година заедно со целиот тим во Македонска навигација, ги подобривме финансиските показатели. Инвестицијата што ја добивме за изградба на новата зграда со вкупна површина од 1200 метри квадратни и за набавка на нова опрема, ќе придонесе за зголемување на нашите капацитети и за модернизација на институцијата. Продолжуваме како и до сега, бидејќи безбедноста при летањето е наш врвен приоритет.“ – изјави извршниот директор на Македонска навигација, Хамиди.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение

Објавено пред

Одлуката учениците од 1 Февруари да тргнат на училиште со физичко присуство, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат, порача професорката Весна Јаневска на Фејсбук.

„ Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар.

Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 то одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата“ пишува Јаневска.

Синдикатот за образование побара второто полугодие да почне онлајн, поради големиот број на заразени со што училиштата би биле опасен кластер за ширење на болеста.

Прикажи повеќе...

Македонија

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Објавено пред

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство и барем во првите две недели наставата да биде онлајн. Претседателот Јаким Неделков смета дека сегашната епидемиолошка слика укажува на можноста школите д станат опасен кластер за ширење на коронавирусот.

„ Барем првите две недели од февруари бараме наставата да се одвива онлајн, период во кој ќе се анализира дали бројките ќе одат во нагорна линија, па дури тогаш, во зависност од епидемиолошката слика, да се донесе одлука за настава со физичко присуство доколку состојбата се стабилизира. Со над 2000 новозаразени на дневна основа школите можат да бидат опасен кластер за ширење на вирусот“, изјави претседателот Неделков за „А1он“.

Тој смета дека е побезбедно наставата да почне онлајн за што наставниците се веќе обучени, а на учениците им е познат тој начин на учење.
Официјален предлог за повлекување на одлуката за почеток на школската година до Владата, Неделков вели дека нема да испрати во интерес на времето.

„ Ако почнеме официјална административна процедура, второто полугодие ќе почне, а предлогот нема да стигне до тој што треба. Затоа одлучивме ова да го побараме преку медиумите“, објасни претседателот Неделков.

Одлуката второто полугодие да почне со физичко присуство Владата ја потврди вчера, но не образложи кои се показателите кои укажуваат дека физичко присуство на учениците е безбедно во овој момент. На 17 јануари распустот, кој требаше да заврши на 20 јануари, беше продолжен до 1 февруари, со тоа што Владата најави дека повторно ќе ја разгледа епидемиолошката состојба пред почетокот на второто полугодие. Од 17 јануари навака во пораст се и бројот на новозаразени и бројот на хоспитализирани, но Владата сепак, по препорака на Комисија за заразни болести и УНИЦЕФ одлучи наставата да продолжи со физичко присуство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ3 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа3 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија5 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа6 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа7 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија20 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија20 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија22 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија23 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ23 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ1 ден

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија1 ден

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ1 ден

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија1 ден

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет1 ден

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија1 ден

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет1 ден

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет1 ден

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Досие