Контакт

Македонија

Османи: На референдумот лесно може да се влијае

Објавено пред

Бујар Османи, Дебар, референдум, Ружди Лата

Шефот на преговарачкиот тим на Владата со Европската Унија, Бујар Османи, денеска од Дебар го започна преговарачкиот Караван за европеизација на општеството. Тој рече дека нема друг избор освен позитивен исход на референдумот.

„ДУИ на почетокот беше против референдум бидејки сметаше дека не е најдобро решение бидејки не е најпрестижен инструмент за одразување на војлата на граѓаните. Референдум има кога има разлики во нијанси во бои. Но кога се носат стратешки одлуки, како што е оваа сега во врска со иднината на државата, на референдумот лесно може да се влијае внатрешно, регионално, но и геополитички од кругови кои не сакаат да се постигне целта и Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Но потребен е компромис со цел да се излезе во престрат на граѓаните од кои над 75 отсто сакаат членство во НАТО и ЕУ“, рече Османи и потврди дека лидерите на партиите ќе се сретнат в понеделник во 9 часот.

Тој оцени дека позитивен референдум очекуваат сите политички партии на Албанците во Македонија.

Османи, кој во Дебар престојуваше со неколку министри и заменици министри од ДУИ, имаше средба и со градоначалникот Ружди Лата кој изјави дека Дебар е почестен што караванот за европеизација стартува од овој град и додаде дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО.

К.М.

Македонија

Поставени нови тоалети и едукативни табли во Зоолошка градина Скопје

Објавено пред

Од

Во Зоолошката градина Скопје се поставени нови тоалети на две локации. Покрај стандардните тоалети, има и тоалет за хендикепирани лица, како и просторија за пресоблекување на бебиња.

Покрај тоалетите, започна и поставувањето на новите едукативни табли пред секое живеалиште, на кои посетителите ќе можат да ги прочитаат најинтересните информации за секое животно.

Се вршат и последните подготовки за отворање на живеалиштето за двете слоници кое ќе се случи оваа сабота со почеток од 11:30 часот. На настанот „За европска Зоолошка“ ќе настапат скопската гордост „Златно Славејче“ и детската атракција „Пет+ бенд“.

Од Зоолошката градина апелираат до сите посетители да не ги вознемируваат и хранат животните, туку кон нив да се однесуваат со љубов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштена во употреба пречистителна станица во Гевгелија

Објавено пред

Од

Новата пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија денеска беше пуштена во употреба.

„Денес и Гевгелија се приклучува на градовите каде со отварањето на пречистителната станица заживуваат европските стaндарди во областа на прочистување и третман на отпадните урбани води“, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.

Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е со капацитет на третман на отпадните води од 30.000 еквивалент жители.

Изградбата на на оваа пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е трилатерален проект финансиски подржан од Владата на Швајцарската конфедерација, претставувана преку SECO, Владата на Република Грција, претставувана од страна на Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија, корисник на проектот, претставувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стаменковска: Централен регистар врши партиски вработувања

Објавено пред

Централниот регистар ги задоволува партиските интереси на СДСМ со незаконски објавениот оглас за 34 лица во нерегуларна и противзаконска постапка, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Постапката требало да се води согласно законот за државни службеници.

– Дали е вистина дека директорката на Централниот регистар си донела колективен договор во кој имплементирала одредби од законот за работни односи? СО огласот за партсики војници на СДСМ, се прави противзаконско вработување ставајќи го колективниот договор над законот. Ваквите вработувања водат кон партизирање на јавниот сектор, обвини Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставни измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставни измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ1 час

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија2 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет4 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија4 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион5 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава5 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет5 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион6 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет18 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион20 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија22 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија22 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток23 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток24 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие