Контакт

Македонија

Османи на самитот за Западен Балкан во организација на престижниот „Економист“

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на панел-дискусија со наслов „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и безбедноста во кревка глобална средина“, во рамките на самитот на Западен Балкан – „Промовирање на инклузивноста и солидарноста во Европа“, што се одржува во Скопје, во организација на престижниот магазин „Економист“.

Министерот Османи во своето обраќање ги истакна современите глобални предизвици, како климатските промени, хибридните и саjбер-заканите, миграциските кризи, при што ја нагласи потребата од партнерски пристап и меѓусебна соработка на Северна Македонија со Европската Унија и другите земји од нашето регионално опкружување, во насока на нивно надминување и креирање посилна Европа.

Воедно, ги истaкна чекорите преземени од страна на нашиот регион во насока на доближување кон Европската Унија преку формирање заеднички регионален пазар и направениот исчекор кон зелена и дигитална трансформација, што од своја страна придонесува за одржливиот развој на самата ЕУ.

„Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан оди рака под рака со кредибилната политика на проширување на ЕУ. Доколку нема напредок во однос на досието на Северна Македонија оваа зима, тоа негативно ќе се одрази врз кредибилноста на ЕУ. Најевтината инвестиција за заживување на европската перспектива е преку преземање конкретни чекори кон секоја од земјите во регионот“, истакна Османи.

Министерот се осврна и на членството на Северна Македонија во НАТО оценувајќи го како успешен и заемно корисен пример за безбедноста на земјата и на алијансата. Земјаќи ги предвид бенефициите и постигнувањата од нашето пристапување во НАТО, упати порака дека не постои дилема дека прогресот на нашиот пат кон ЕУ ќе биде од заемна корист за земјата, регионот и за Унијата како целина.

На панелот, покрај министерот Османи, се обратија и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, и други високи претставници од регионот и академската заедница.

Македонија

Арсовска: Средствата што Шилегов ги планираше за луксузни канцеларии за себе, ќе бидат наменети за младите

Објавено пред

На денешната заедничка прес конференција на кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска заедно со новоизбраниот градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски беше претставен проектот за создавање на Центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ компании во Аеродром.

Според Арсовска, создавањето на овој центар е приоритетно и затоа средствата што досегашниот градоначалник ги планирал за создавање нови луксузни канцеларии за себе, ќе бидат наменети за реновирање на простории и создавање што подобри услови за развој на младите луѓе.

“Денеска сме на оваа локација од каде сакаме да ја споделиме нашата визија за модерно Скопје. Ова е една заедничка заложба на оваа површина да биде идниот центар што ќе има за цел да работи на градење на ИТ потенцијалите, особено на територијата на Општина Аеродром меѓутоа и центар којшто ќе биде посветен на најбрзо растечката индустрија во градот Скопје, кој ќе овозможи за младите скопјани да имаат дом каде ќе можат да работат на своите проекти. Ова ќе биде едно значително решение за градот Скопје и верувам дека со оние средства кои од градоначалникот во заминување беа планирани за купување на луксузни канцеларии за него, сега во овој случај, дел од тие средства ќе бидат наменети за овој ИТ хаб во којшто ќе имаат можности сите млади луѓе да ги реализираат своите потенцијали во делот на софтверски инженеринг, да работат на својата надградба и наобразба. Сето она што сакаат да го направат и кои функционираат во најбрзо растечката индустрија во светот, ќе можат да го реализираат со поддршка на град Скопје. Моја искрена желба и голема радост е по заземањето на следниот 4-годишен мандат како градоначалник на Скопје, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, да овозможиме сите овие нови идеи и визии кои ги имаат младите луѓе да се реализираат. Ќе бидеме посветени на тоа да им се дозволи исполнување на нивниот потенцијал, а едновремено ние ќе бидеме тука за нив и да им ги овозможиме најдобрите услови за тоа”, истакна Арсовска.

Со овој проект ќе се реновира објектот што е во владение на општината и каде ќе биде сместен ИТ центарот за развој на младите луѓе во сферата на информациските технологии. За новоизбраниот градоначалник на Општина Аеродром со овој проект општината ќе стане центар за иновации и за претприемништво на територијата на Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Изградбата на улици и мостови кои поврзуваат не смее да запре

Објавено пред

Скопје го промени својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Есенинова е еден од симболите на тоа поврзување. Со изградбата на долгоочекуваната улица Есенинова ги поврзуваме булеварите Борис Трајковски (Првомајска) и Трета македонска бригада, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Оваа улица е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар, заради фактот што оваа улица ќе претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода. Знаеме дека бул. Трета македонска бригада во Аеродром со должина од 2,5 километри имаше само 2 поврзувања со Кисела Вода, едното преку бул. Србија со бул. Борис Трајковски, а второто како познато тесно грло, кај Тутунски комбинат, кое воедно претставуваше поврзување на Аеродром и со Кисела Вода и со Центар“, продолжи Шилегов.

„Со изградбата на Есенинова ова т.н. тесно грло во сообраќајот ќе го растовариме на начин што ќе го скратиме кружењето околу Тутунски, кое во периодите на најголемиот сообраќаен метеж трае од 5 до 10 минути. Ова ќе го почувствуваат и граѓаните кои патуваат по правецот од Континентал во Гази Баба до Рампа и Чешма во Кисела Вода, кои избегнувајќи го тесното грло кај Тутунски кружеа или преку бул. Србија во Аеродром или преку бул. Крсте Мисирков и Кочо Рацин во Центар. Така на пример од Чешма до Континентал ако досега се патувало 3 км преку Центар или 8 км преку Аеродром, сега преку трасата Есенинова – Никола Карев – Беласица ќе се патува само 2 километри, изразено во време тоа на граѓаните им заштедува од 10 до 15 минути“, нагласи Шилегов.

„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Ајде да се обединиме за модерен град кој вложува во иднината, а не во минатото. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура. Богатството на Скопје е неговата разноликост. Ајде да се обединиме околу Скопје кое вложува секаде еднакво, без поделби. За Скопје кое го развива градот за сите негови граѓани“, повика Шилегов.

„Јас верувам дека сите сакаме ваков град а тој град го градам со вас веќе четири години. Но само со вашиот глас можеме да продолжиме напред и никако поинаку. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. Тоа можеме да го направиме само обединети. Дајте ми го вашиот глас и јас ќе бидам градоначалник кој нема да застане, ќе бидам градоначалник кој ќе управува со градот заедно со сите вас. Да се обединиме затоа што Скопје не смее да запре“, додаде Шилегов на крајот од денешната прес-конференција од улица Есенинова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ широко отворена и за Левица и за сите други граѓани и партии

Објавено пред

Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да види една напредна, чесна, честита Македонија, во која ќе има напредна економија, во која нема да броиме починати од ковид, нивното место е овде. Со политичари кои ја направија Македонија најкорумпирана, со најмногу починати од ковид, тоа се регресивни политичари затоа ги повикувам сите, без разлика дали се леви, десни, конзервативни, центар, либерални, да ни се придружат во овој нов блок за Македонија за сите луѓе“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешната изјава.

Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат.

„Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот, дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски.

Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат мнозинство.

„Утре ќе се видам и со Зијадин Села. Дополнително ги повикувам сите да се приклучат во оваа најголема коалиција и да работиме со и за народот“, рече Мицкоски.

Според него, мора да се врати енергијата кон народот, а тоа може како што рече само со работа и без корупција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 час

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Македонија2 часа

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот...

Свет3 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија3 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија3 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија4 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт6 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија20 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија20 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија22 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија23 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија1 ден

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Досие