Контакт

Македонија

Османи: Северна Македонија е институционално поврзана со ЕУ и е внатрешно прашање на Унијата

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, учествуваше на одбележувањето на Денот на осигурувањето и десет години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

„Осигурителниот сектор е еден од поголемите и позначајните сегменти на финансискиот сектор во Република Северна Македонија, за кој веќе е воспоставена солидна законска и институционална рамка и соодветно е транспонирано релевантното право на Европската Унија кое постојано се надградува“ – истакна Османи пред присутните при што потенцираше дека доказ за континуираниот напредок во усогласување на осигурителен пазар во Република Северна Македонија со европските стандарди се извештаите на Европската комисија во кои јасно се препознаваат спроведените реформски активности.

„Напредокот во оваа област, како и досегашната усогласеност, не е изолиран случај, бидејќи практично во сите области Република Северна Македонија континуирано се усогласува со ЕУ и институционално се поврзува со земјите членки, па од тука ние веќе сме внатрешен дел на Унијата, а не надворешен, и прашањето на методологија, начинот, времето на пристап не може да го смени фактот дека ние недвосмислено одиме кон целосно членство во ЕУ“ – нагласи Османи на одбележувањето на Денот на осигурувањето и јубилејот 10 години од формирањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Македонија

Граничниот премин Богородица повторно отворен, пожарот е ставен под контрола

Објавено пред

Граничниот премин Богородица од вечерва по 20 часот е повторно отворен за сообраќај, откако попладнево на сила беше одлуката за затворање поради тоа што во шумата во негова близина избувна пожар.

Пожарот што избувна во граничниот појас е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеjаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон граничниот премин, меѓу кои и бензински пумпи и казина.

Поради активноста на пожарникарите, беше исклучена електричната енергија во објектот на граничниот премин и тој беше привремено затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за пожарникарите да дејствуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес почувствуван во Струмица и Валандово

Објавено пред

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, попладнево, во 17 часот и 10 минути, регистрирала земјотрес со епицентар 120 километри југоисточно од Скопје, во струмичкото епицентралното подрачје.

Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда 2,6, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби: Видете што постигнавме за 20 години, сè е и на албански јазик

Објавено пред

Активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот  договор продолжија денеска со организирана трибина од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците на тема „Скопје и новите албански адреси, рефлекција на Охридскиот договор“.

На трибина на која учествуваше и првиот вицепремиер, Артан Груби, главна тема беше именувањето на скопските улици со имиња на истакнати личности и важни настани од албанската национална историја.

Имено, околу 150 имиња на албански дејци се поставени како имиња на улици, плоштади и булевари во Скопје, а Груби во неговиот говор истакна дека тоа е големо достигнување како резултат на имплементацијата на Охридскиот договор.

„Патот на еднаквоста бара секојдневен третман и ангажман од секој од нас, во секоја институција каде што сме присутни, од претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, Советникот на Град Скопје, директорот во институција, вклучително и административниот службеник ја има најголемата можна човечка одговорност за да ја гарантира еднаквоста и за да ја одржи таа еднаквост до денот на неговото пензионирање“, изјави вицепремиерот.

Груби ги извести присутните и за текот на преземените активности од страна на Владата за одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот договор, а се осврна и на неговото подлабоко значење.

„20 години не се далеку. Застанете само, направете ја разликата како сме биле пред 20 години и како сме денес. Во Влада зборуваме на албански, во Собрание зборуваме албански, влезете на веб-страницата на претседателот, сè е и на албански јазик. Дури и вчера на одбележувањето на Илинден ечеше албанска музика и албанско оро среде Крушево и немаше никакво двоумење од ниеден учесник околу достоинствената презентација и на албанската култура. Нема институција во ова земја која не зборува и албански. Нема ништо невозможно кое ние не можеме да го реализираме и ова е благодарение на сите оние кои ја имаа храброста од логорите до Собранието да ја променат политичката, правната реалност на оваа држава правејќи го Албанецот државнотворец и придонесувач во нашето општество“, кажа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија7 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија8 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија9 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија10 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија12 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет12 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа13 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија13 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија14 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија23 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија23 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија23 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија1 ден

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт1 ден

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Досие