Контакт

Македонија

Османи се сретна со новиот амбасадор на Австралија: Значаен мост во соработката е македонската дијаспора во Австралија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со новоименуваниот амбасадор на Австралија, со седиште во Белград, Даниел Џозеф Емери, кој во оваа пригода ги предаде копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи му посака успех во дипломатската мисија и изрази уверување дека амбасадорот Емери со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

На средбата беа разгледани билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија, при што беше потенцирано дека значаен мост во соработката претставува нашата дијаспора во Австралија. Исто така, беше потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со посебен акцент на економската соработка и можностите за нови форми на бизнис-поврзување и продолжување на успешната мултилатерална соработка.

Соговорници разменија мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Економија

Лазаров до премиерите на Бугарија и Северна Македонија: Напишете ја новата економска историја

Објавено пред

Претседателот на македонско-бугарската стопанска комора во Република Северна Македонија, Кирил Лазаров преку писмо се обрати до премиерите на Владите на Бугарија и Северна Македонија.

Почитувани премиери на Владите на Бугарија и Северна Македонија, господин Кирил Петков и господин Димитар Ковачевски,

Преку ова отворено писмо сакам од мое лично име како претседател на македонско-бугарската стопанска комора и од име на сите оние кои партиципираат во неа, да го изразам задоволството од најавената средба која има можност да биде и историска ако двете страни имаат поглед кон иднината.

Ја имате почитта и поддршката од целата комора да пристапите кон суштинските проблеми кои ги тиштат двете општества и да најдете решенија кои на двата народа ќе донесат прогрес, иднина, работни места, економија и поврзување.

Имате историска должност кон сите оние кои живеат денес и ќе продолжат да живеат и утре, или после 10, 30 или 50 години, затоа што денес ја пишувате иднината и новата историја, историја во која ќе пишува дека Вие двајцата лидери сте нашле решение во кое ќе има нови автопати, нови гранични премини, во кое ќе профункционира железничката трансверзала, ќе имаме директен лет Скопје-Софија, и решение во кое ќе дефинирате иднина во која ќе се разговара колку многу наши драги соседи од Бугарија ќе дојдат во Охрид или Маврово, а колку Македонци ќе отидат во Банско или Сончев Брег.

Создадете иднина за која ќе се зборува со силни емоции, со среќа и љубов за двата народа, за благосостојба на нашите деца. Создадете енергија за нашите народи да се почитуваат, поздравуваат и да се прегрнуваат каде и да се сретнат.

Нели сме братски народи со заедничко минато и уште позаедничка иднина? Да зборуваме за гасоводи, автопати, ветерници, хидроцентрални, фотоволтаици, да ги споиме нашите народи во земјоделието, туризмот, одбраната и образованието.

Имаме толку многу заедничко, а толку малку разлики, можеме многу повеќе во економијата и трговијата.
Посејте го семето на пријателството наместо на омразата, тоа впрочем им го должиме на нашите деца и поколенија.

Запрете го миграцискиот пустош кој ни се случува во двете држави и договорете се да останеме тука и да живееме едни покрај други во хармонија, наместо некаде далеку, да бидеме Mакедонци и Бугари во Македонија и Бугарија, наместо странци во Англија и Германија.

Нашите економии и трговска размена имаат огромен потенцијал за да нашиот капитал и работнициостанат тука.
Се друго е ризик за нашите држави бидејќи живееме во најтурбулентните времиња кои носат многу неизвесности и опасности изразени преку наголемата енергетска, пандемиска и економска криза.

Вие доаѓате од бизнисот, исто и јас, знаеме што е бирократија, корупција, блокади, пречки и знаете што треба да направите за да го елиминирате сето тоа.

Во светло на денешната средба и заедничката иднина ја имате целокупната нашата поддршка. Ве чека многу работа, но иста цел! Направете чекори кои ќе не зближат, а ние како народи ќе знаеме да го почитуваме тоа!

Бидете оние кои ќе ја напишат новата економска историја и за кои ќе се зборува многу долго од денес па натаму.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

Објавено пред

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, Центарот за управување со кризи веднаш, согласно мапите на процес и процедурите, контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи.

Пренесени се веданш информациите и е побарано од истите веднаш да излезат и да се упатат на терен на местото на настанот за да се направи соодветна проценка за можноста од евентуално поплавување за соодветно да се реагира.

Институциите доцна синоќа беа на терен, а местото и лично го посети и директорот на ЦУК, Ангелов. Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности.

Надлежните од Општина Аеродром и од Град Скопје ќе бидат во континуиран контакт со ЦУК со информации за превземените мерки и активности.

Над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ.

После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

Информациите што ЦУК ги доби говорат дека синоќа при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата иведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито.

Настанот предизвикал интерес и внимание кај граѓаните кои пак час и половина во континуитет пријавувале на телефоните на институциите, плашејќи се од можно излевање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина...

Македонија9 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија13 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија16 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија18 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија19 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија20 часа

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет21 час

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт21 час

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион22 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет23 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет24 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет1 ден

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија1 ден

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија2 дена

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија2 дена

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа2 дена

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион2 дена

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Досие