Македонија
Османи: Силно го осудувам убиството на полицаец на северот во Косово

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи преку социјалната мрежа „Икс“ (Твитер), изрази осуда за убиството на полицаец во Косово.
„Силно го осудувам убиството на полицаец на северот на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите“, напиша Османи.
Порача дека изразува целосна поддршка за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.
„Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, додаде Османи.
I strongly condemn the killing of a police officer in north of R.Kosovo. My heart goes out to his family & colleagues. Full support for justice bringing perpetrators of a this heinous act to justice. Acts of violence won’t undermine Kosovo’s stability. Citizens’ safety first.
— Bujar Osmani (@Bujar_O) September 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Павле Трајанов: Избори без техничка влада

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз објави дека на денешната лидерска средба се залагал за избори без техничка влада, Македонија да биде една изборна единица, а вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се одржат во исти ден.
„Прво, евроинтеграциските процеси на Македонија се во сериозен застој поради тоа што во изминатите седум години СДСМ и ДУИ не спроведоа темелни реформи во ниту една област, не воспоставија систем на владеење на правото, ја криминализираа државата, а ги партизираа сите институции, почнувајќи од Уставниот суд, па се до најниско ниво. Секојдневно медиумите, невладиниот сектор и политичките партии, објавуваат криминални афери, а надлежните институции ниту еден крупен случај не открија затоа што се блокирани од партиите на власт.
Со измените на Кривичниот законик, ДУИ и СДСМ, го урнисаа правниот систем и обезбедија амнестија за актуелните и поранешни носители на високи функции. Овде покрај партиските интереси, треба да се проучат и коруптивните елементи. Уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат внесени во Уставот, веќе година и шест месеци се користат за манипулација на јавноста и дискредитација на политичките опозициони партии пред меѓународниот фактор.
Во оваа насока без да се менува Преговарачката рамка, предлагам сите партии да побараме од Европската унија, со заклучок на Советот на Европската унија, Македонскиот јазик да биде официјален по приемот на Македонија во ЕУ, билатералните прашања вградени во Преговарачката рамка да не можат да бидат основа за блокада на евроинтеграциите на Македонија и да се задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур во врска со правата на Македонците во Бугарија на здружување и формирање на културни домови, здруженија и политички партии.
Само со вакви гаранции и реципроцитет можеме да ги заштитиме нашите национални и стратешки интереси. Мораме како народ да покажеме цврстина и единство.
Второ, потребни се коренити реформи на изборните правила и создавање на услови за рамноправен политички натпревар. Македонија да биде една изборна единица како темелна основа за промени и демократизација на државата. Измените на Изборниот законик со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица, во јуни месец во првата фаза ги гласаа “за” сите партии, што значи има целосен консензус, но сега повторно овие измени се блокирани од ДУИ. Да ги изгласаме овие измени, како и измените предложени од ОБСЕ и ОДХР и да одиме на избори.
Трето, вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се одржат во исти ден, сѐ со цел да не се создадат политички и безбедносни проблеми. Техничката (Пржинска) Влада е непотребна и само на власта ѝ одговара да ја релативизира одговорноста за катастрофалните состојби во државата, колапсот на институциите и секојдневниот грабеж на народот.
Инаку, со актуелниот состав на Владата, прекршен е Охридскиот рамковен договор и Уставот на Македонија, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници и со технички премиер од редовите на ДУИ, дополнително ќе се наруши етничкиот баланс, што ќе се рефлектира и на меѓуетничките односи.
Мој предлог е оваа Влада, во овој состав, до продолжи со работа до парламентарните избори“, вели Трајанов.
Македонија
Почна лидерската средба

Почна лидерската средба, која се одржува на покана на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Собранието.
На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседатели на политички партии застапени во парламентот.
Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи на Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски очекува одговорен пристап од сите политички лидери и субјекти и заеднички политички одлуки, кои се од суштинска важност за сегашноста и за иднината на граѓаните, а кои се очекување и на граѓаните на Република Северна Македонија.
Македонија
Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред 5 дена дека убиецот е Палевски и зошто ништо не е преземено во однос на тоа?

„Денешната прес-конференција требаше да биде посветена на основаните сомневања за нелегалното следење на комуникации и злоупотребите кои се прават од безбедносните служби, министерството за внатрешни работи и ЈО, а за кои власта упорно молчи. И колку и да е страшен и голем тој скандал, ништо не е пострашно и поголемо од трагичниот крај во случајот со младата Вања и грозоморното двократно убиство“, рече Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дозволете ми да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младата Вања и Панче. Бог да ги прости. Оваа прес конференција се однесува на неодговорените прашања за овој случај и за потребата од одговорност на човекот чие име повеќе од 8 години се врзува со криминал, корупција и неспособност – Оливер Спасовски. Додека Оливер Спасовски организираше Самит во Скопје и се фалеше дека ја гарантира безбедноста на учесниците, рекетарско -криминална група од неколку членови харала низ Скопје и убивала невини луѓе, убија дете!
Главните и суштински прашања за Спасовски се – кога истрагата дознала за извршителите на грозоморните убиства и дали криеле и не преземале ништо заради самитот на ОБСЕ? Зошто полицијата на Спасовски реагирала предоцна? Дали е нормално за ваков траорен настан да ја информираат јавноста за трагичните настани преку бледо соопштение во 21 часот во недела – што кријат и за што им требаше време од објавување на веста до одржување на прес конференција?
Во СВР Скопје официјално е заведено дека станува збор за Палчо уште пред 5 дена! Зошто 5 дена не биле преземени никакви дејствија во однос на таа информација?!?
Како може неколку дена да има исчезнато лице со неговото сопствено возило, кое потоа убијците го користат за киднапирање на друго лице и со него вршат ново кривично дело – киднапирање и убиство?
Каде му е на Спасовски „Safe City“ системот, кога возилото на исчезнатиот Велешанец со денови се наоѓало во Скопје?
Извршителот на убиството е поранешен висок функционер во партијата на Спасовски, претседател на градската организација на СДС. Исто така, познато е дека подолго време беше дел од јавна рекетарска група која во јавниот простор тргува со влијание и работи преку користољубие, а политичката партија му беше само параван за се она што го прави. Зошто власта предолго го толерираше ова однесување? Спасовски и СДС да одговорат дали ваквите групи ги стимулираат и користат за нивни лични потреби, а подоцна ги толерираат се додека не се случи ваква трагедија каде што животот го загуби невино дете?!?
Недозволиво е 8 години ова раководство на МВР кое овозможува и соучествува во неказнивост и релативизирање на криминалот секој нареден ден после огромните трагедии пак да е власт во Македонија. Токму нивното раководење со институциите доведе до вакви ненормални и недозволени појави во општеството.
За недела дена од денес, Оливер Спасовски пак ќе облече елече на СДС и „рамо до рамо“ со другите како него бесрамно ќе бара поддршка од граѓаните.
Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Среде хотел во Скопје криминалци, меѓу кои и полицајци се пресметуваа со огнено оружје. Се убива секаде низ улиците на Скопје, во центарот на градот, по трговски центри. Јавна тајна е дека истите тие криминалци работат за изборите за владејачките гарнитури. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушкување и нелегално следење на комуникации … криминалци поминуваа неказнети кога избркаа полицајци од полициска станица во Арачиново и редица други скандали.
Спасовски е срам и брука за полицијата! Бараме Спасовски да си поднесе оставка веднаш. Неговото име е синоним за скандали и криминал.
Оставка веднаш за министерот кој е другар на криминалот. И бараме како ВМРО-ДПМНЕ, како политичка партија конечно неспособните од власта да се сетат и да прогласат ден на жалост“, изјави Игор Јанушев, пратеник.