Контакт

Македонија

Османи-Сијарто: Солидарност и силна поддршка на Унагрија за Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто за време на неговата работна посета на земјава.

Целта на посетата, пред се беше во знакот на унгарската донација, која Сијарто лично му ја предаде на Османи.

„ Денешната унгарска донација од шест илјади дози од вакцината на „Астра зенека“ е наменета пред сѐ за припадниците на Граничната полиција во состав на министерството за внатрешни работи на Северна Македонија. Донацијата е израз на благодарност на Република Унгарија за успешната соработка и улогата која нашата гранична полиција ја има во одржувањето на заедничката европска безбедносна политика. Овој пред сѐ хуман гест претставува и признавање за придонесот на нашата држава во справување со миграциските и безбедносните предизвици, кои сѐ уште се актуелни и преставуваат отворено прашање за земјите членки и за цела Европа. Токму двете земји, преку својата соработка, даваат заеднички придонес кон стабилноста на целиот европски континент“, истакна Османи.

Во однос на евро-интегративниот пат на Северна Македонија, Османи и Сијарто разменија мислења за внатрешните политички процеси поврзани со реформската агенда, но и за состаноците во Брисел каде на различни нивоа во Европската унија беше разгледувано европското досие на нашата земја. Министрите се согласија дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската унијата и притоа многу често извршува улога и учествува како составен дел на системот и механизмите на Унијата.Во тој контекст, операционализација на веќе донесената одлука за почеток на преговорите, би требало да биде следниот логичен и симболичен чекор за валоризација на постигнувањата на државата.

Министерот Сијарто, уште еднаш, го нагласи противењето на Унгарија за обременување на процесот на проширување на ЕУ со внесување на билатерални прашања како и дека ќе продолжат со својата конзистентна и гласна поддршка за наредниот чекор на Северна Македонија кон ЕУ.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивирањето на билатералната соработка, беше постигната согласност за меѓусебно признавање на националните КОВИД-19 сертификати со цел овозможување на непречено транзитирање и влез на вакцинираните граѓани на двете земји, како важна мерка за нормализација на состојбите во една нова пост-пандемиска фаза. За време на посетата на Сијарто се потпиша и Договор за соработка во областа на културата заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на Алијансата. Во денешната изјава Заев посочи дека ова е прв НАТО самит за државата и оти е од историско значење.

„Самитот 2021 на НАТО на шефови на држави и влади е историски момент и за мене и за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит на НАТО со 30 членки. Затоа ова е голем успех за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка цел, а дополнително со нашето членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан. Северна Македонија, заедно со сите сојузници, се посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани“, истакна во изјавата Заев.

Тој потенцира дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евро-атлантска перспектива.

„Ставањето на овој дел од Европа во вакуум не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и засилени процеси на интеграција на земјите од регионот во НАТО и ЕУ. Денес повторно ги потврдивме нашите единство, кохезија и солидарност. Трансатлантското партнерство е силно како никогаш порано“, рече Заев.

Тој му се заблагодари на генералниот секретар Столтенберг за неговото како што рече, водство во креирањето на агендата на НАТО 2030 во соработка со сојузниците и за широките и инклузивни консултации со многу засегнати страни.

„Агендата на НАТО 20-30 навремено ги адресира промените во стратешкото опкружување и го прави НАТО подготвен за 21 век. Ние се соочуваме со закани од Русија и предизвици од системски авторитарен натпревар до нашата Алијанса. Треба да сториме повеќе и ќе сториме повеќе за да ги поддржиме заедничките демократски вредности и да го заштитиме меѓународниот поредок заснован на прифатените правила. За таа цел ни претстои тесна соработка со истомислениците, главно со ЕУ, но и со други партнери“, додаде македонскиот премиер.

Посочи дека сме посветени кон зголемување на политичките консултации и координација меѓу сојузниците.

„НАТО е неопходен за нашата колективна безбедност. Алијансата е суштински трансатлантски форум за консултации за сите прашања поврзани со безбедноста и за усвојување на заеднички одговори. Во иднина, ние сакаме да го видиме НАТО со поширока политичка димензија и функции. Ова ќе ни овозможи да ги унапредиме политиките во широк спектар на области и да се прилагодиме на новите предизвици, од кои ќе прозлезе зајакната политичката кохезија на НАТО“, истакна Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево со мала до умерена облачност

Објавено пред

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Според УХМР, до среда наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Шефовите на држави и влади на овој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност, стои во писменото известување од владата.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена, НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина.

Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни.

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата- НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот, соопштија владините служби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет1 час

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет4 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија4 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа4 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија6 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија6 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион7 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија7 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија9 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет9 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија10 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт22 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт22 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт22 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие