Контакт

Македонија

Осомничената за перење пари во „Талир“, Eлизабета Чингаровска, остана без пасош

Објавено пред

Осомничената Елизабета Чингаровска остана без пасош. Кривичниот суд го прифатил барањето на специјалното јавно обвинителство и ѝ определил мерки за претпазливост, потврдија оттаму за „Макфакс“. Освен одземениот пасош, Чингаровска треба еднаш неделно да се пријавува во судот.

Чингаровска заедно со Илија Димовски и Леко Ристоски се осомничени дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Според образложението на СЈО, во периодот од 2011 до 2015 година осомничените Миле Јанакиевски и Елизабета Чингароска, организирале средствата да бидат уплатени на жиро-сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ преку готовински уплати на уплатници ПП10 во кои биле внесени невистинити податоци дека уплатата ја вршат лицата наведени во уплатниците.

Потоа парите биле внесени на жиро-сметката на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а осомничените Илија Димовски, Елизабета Чингароска, Леко Ристоски и Миле Јанакиески, како овластени потписници на сметката на политичката партија, иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело, истите ги пуштиле во натамошен оптек со потпишување на налози за плаќање на обврските и купување на недвижен имот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Елизабета Чингаровска беше претседателка на Комисијата за хратии од вредност и директорка Државниот пазарен инспекторат.

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“ за нелегално финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, во кое е осомничена Чингаровска, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

Во првото обвинение се опфатени поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на партијата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

За изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

Предметот „Талир“ е во кривичниот суд во фаза на оценка на обвинителниот акт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев – Која: Северна Македонија придонесува за регионалната безбедност

Објавено пред

Премиерот, Зоран Заев, се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На состанокот е разговарано за актуелната политичка ситуација во нашата држава во пресрет на изборите.

„Поздравени се политиките на Едно општество за сите во државата, како интегративен концепт со којшто Република Северна Македонија обезбедува еднакви шанси за сите и придонесува во домашната стабилност, а со тоа и во стабилноста во регионот. Изразена е и поддршка за напредокот на државата во реформите, во добрососедските односи и за евроатлантската определеност на нашата држава“, соопштија од Владата.

Заев рекол дека земјата работи на реформскиот процес, на интеретничката кохезија и на искрени, пријателски односи со соседите и во регионот.

„Фокусирани сме проевропски затоа што тоа е стратешка цел за земјата, заедно со членството на НАТО. Ваквата определеност веќе ги дава првите развојни економски резултати со директно влијание врз подобрување на животот на граѓаните. Свесни сме дека има уште многу да се сработи, но токму поради тоа и сметаме дека интеграциите на Република Северна Македонија и на регионот немаат алтернатива. Ние сме одговорна Влада и работиме во насока на зајакнување на стабилноста во државата и во регионот“, рекол Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зградите и обележјата во Скопје се осветлуваат во сина боја за децата

Објавено пред

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето, вечерва и утре, зградите и обележјата во Скопје ќе се осветлат во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

„Осветли во сино“ за Светскиот ден на детето е глобална иницијатива. Постојат најави дека Европскиот парламент во Брисел, кулата „Шангај“ во Кина, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, Куќата „Фрида Кало“ во Мексико, мостовите на Босфор во Турција и многу други познати обележја, ќе светнат во сина боја во 2019 година.

Секоја година на 20 ноември по повод потпишувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето, светот го слави Денот на децата.

Заедно со Владата и во партнерство со Делегацијата на Европската Унија, УНИЦЕФ во Северна Македонија организира низа активности за одбележување на 30-годишнината од донесувањето на Конвенцијата за правата на детето.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Објавено пред

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога Апелациониот суд го прифати нејзиното барање. Таа беше покриена со качулка на главата, а од комбето до станот ја спроведоа двајца полицајци.

Јанева во истражниот затвор во Шуто Оризари беше од 21 август годинава кога беше уапсена како второосомничена за случајот „Рекет“.

Таа неколкупати беше хоспитализирана во болницата „Жан Митрев“ поради проблеми со висок крвен притисок и анксиозност по што ѝ беше препишувана соодветна терапија и беше враќана во истражниот затвор.

Зградата во која се наоѓа станот во кој беше спроведена Јанева

Апелациониот суд ја донел ваквата одлука ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта.

Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет4 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија4 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија6 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ6 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија7 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија8 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ8 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата10 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија10 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа10 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Досие