Контакт

Македонија

Осуммина починати и 94 нови случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9 и Кичево -2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2.

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести починале тројца пациенти, двајца на возраст од 63 и еден на 60 години, во болницата „8 Септември“ починал пациент на возраст од 68 години. Во прилепската болница починал пациент на 60 години, во Струга починала пациентка на 72 години, во Гостивар вонболнички почината е пациентка на 73 години, а во Заводот за нефрологија во Струга починал пациент на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. Денес се евидентира еден конторлен тест и исправка за 4 оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 4.083, активни 1.823
• Куманово 882, активни 214
• Дебар 154, активни 92
• Штип 492, активни 202
• Прилеп 305, активни 56
• Тетово 900, активни 291
• Струга 342, активни 167
• Велес 205, активни 31
• Битола 84, активни 40
• Охрид 229, активни 120
• Кавадарци 27, активни 19
• Гостивар 263, активни 168
• Гевгелија 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 24, активни 16
• Крива Паланка 19, активни 8
• Радовиш 15, активни 11
• Крушево 12, активни 7
• Кочани 80, активни 12
• Пробиштип 39, активни 24
• Демир Хисар 11, активни 10
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 9, активни 5
• Свети Николе 156, активни 143
• Кичево 88, активни 73
• Ресен 139, активни 73
• Неготино 22, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 8 деца позитивни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Џафери се сретна со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Објавено пред

На денешната проштална средба со амбасадорката на Кралството Јапонија во нашата земја, Н.Е. Кеико Ханеда, претседателот на Собранието Талат Џафери, изрази задоволство од досегашната соработка со јапонската Амбасада, односно со првиот резидентен амбасадор, Н.Е. Ханеда и нагласи дека очекува во наредниот период да продолжи оваа соработка и со новиот амбасадор, со што ќе продолжи трендот на јакнење на политичките и економските релации меѓу двете земји.

Тоа ќе резултира со зголемување на јапонските инвестиции, и интензивирање на соработката во областа на медицината, туризмот, културата и други области.

„ Во овој период, пред нас се три големи приоритети. Очекуваме во месец декември оваа година, отворање на пристапните преговори со ЕУ, борба со епидемијата предизвикана од Ковид 19 како и справување со последиците по економијата предизвикани од оваа пандемија, и јас очекувам дека успешно ќе се справиме со овие предизвици,“ нагласи претседателот Џафери.

Јапонската амбасадорка, Н.Е.Кеико Ханеда, го потенцираше своето задоволство од досегашниот престој во нашата земја во овие три години во својство на амбасадорка на Јапонија и изрази уверување дека соработката со македонското Собрание ќе продолжи и со нејзиниот наследник на највисоко ниво и во таа насока, упати благодарност за досегашната соработка и комуникација меѓу Амбасадата на Јапонија и Собранието на Република Северна Македонија, како и со Парламентарната група за соработка. Исто така, амбасадорката констатираше дека во овие три години се случија многу добри и позитивни настани во Република Северна Македонија, како што се полноправното членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со ЕУ и, изрази очекување дека претседателот Џафери и во наредниот период ќе продолжи успешно да го води Собранието и да се справува со предизвиците.

На крајот, и двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и јапонската Амбасада ќе продолжи како и досега, на највисоко ниво.

.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Врачено признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија.

Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.

„Живееме во свет кој брзо се менува и кој е зависен од современите технологии кои отвораат нови перспективи, но, и свет кој е ранлив и кршлив што особено го покажува актуелната пандемија со Ковид-19. Како идни инженери, вие сте дел од нашиот човечки потенцијал врз кој мора да се темели иднината на нашата земја“, истакна претседателот Пендаровски.

Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери, нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.

„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.

Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи и потпретседателката на Европската Комисија разговараа за Конференцијата за иднината на Европа

Објавено пред

Во рамките на дводневна интензивна агенда, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со потпретседателката на Европската Унија одговорна за демократија и демографија, Дубравка Шуица.

За време на средбата се разговараше за текот на подготовките на Конференцијата за иднината на Европа и вклучувањето на земјите од Западен Балкан, како и за политиките на младите и спречувањето на одлив на квалификуван кадар во високо развиени земјите.

Потпретседателката Шуица го запозна Османи со плановите за Конференција за иднината на Европа што е еден од приоритетните проекти на Европската комисија кој треба да даде придонес за развојот на политиките на ЕУ на среден и долг рок со цел подобро да се одговори на предизвиците со кои ЕУ се соочува. Оваа конференција ќе претставува платформа која треба да ги поврзе европските граѓани, цивилното општество и европските институции со цел заеднички дискусии каква ЕУ сакаат европските граѓани и како да се управува со неа. Конференцијата за иднината на Европа ќе биде нов форум за отворена, инклузивна и транспарентна дебата.

Заеднички беше заклучено дека политиките на проширувањето на Унијата треба да продолжи паралелно со дискусиите за иднината на Европската унија и нејзините внатрешни реформи.

„Учеството на земјите од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа ќе биде заедничка придобивка и дополнително ќе ги зголеми напорите за градење политичка волја меѓу земјите-членки во напредокот со проширувањето кон Западен Балкан”, нагласи Османи.

Министерот Османи ја запозна соговорничката со актуелна ЕУ агенда на земјата, како и мерките што ги презема Владата на Република Северна Македонија за подобрување на животните и работните услови со цел подобрување на социо-економскиот живот на земјата.

На оваа средба и претходеа средби на Османи со Андреас Шидер, претседавач со Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, Илхан Ќучук, известителот за Северна Македонија во Европскиот Парламент како и со Андреј Ковачев, потпретседател на ЕНП.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Потпишан етичкиот Кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан Кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 час

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија2 часа

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија3 часа

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија3 часа

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија3 часа

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Македонија4 часа

Илјадници ученици и денес не може да се приклучат за онлајн-учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, Националната платформа за онлајн-учење и денес паѓа. Илјадници ученици, наставници и родители и утрово не...

Свет4 часа

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на „Твитер“ дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија5 часа

Средба Османи – Вархељи: Почетокот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ6 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија6 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет7 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет7 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија7 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12 часот, во свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет8 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа8 часа

Село во Романија третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт17 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион19 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет21 час

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет21 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Досие