Македонија
Отворена „Европска куќа“ во Крива Паланка

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на „Европска куќа“ (Europe House) во Крива Паланка, проект реализиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
„Европска куќа“ е простор каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват свои ставови и размислувања, да дискутираат, да промовираат иновации и претприемачки иницијативи, да организираат разни културни настани, а во функција на промоција на европските вредности.
„По Европската куќа во Скопје, ова е прв ваков простор во внатрешноста на земјата во кој ќе ни биде важно да слушнеме како размислуваат младите и со кои предизвици се соочуваат во еден ваков локален и регионален контекст. Во оваа куќа младите добиваат место во кое ќе можат да комуницираат, да креираат заеднички идеи, споделуваат мислења, ставови, да се информираат, да стекнуваат знаења и вештини, да предлагаат решенија и секако да се запознаваат и да ги усвојуваат европските вредности“, рече Пендаровски.
Тој додаде дека приоритетните проблеми, како што се невработеноста, која оди рака под рака со младинската сиромаштија, недоволното учество во процесите на одлучување, што ги носи младите во апатичност и пасивност во однос на важните случувања во општеството, ќе можат не само да се дискутираат на ова место, туку и да се наоѓаат решенија за нив, преку проекти, искуства и фондови кои стојат на располагање од страна на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Состанок на експертска група за правни лекови во борбата против трговијата со луѓе

Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција Магдалена Несторовска го отвори Регионалниот состанок на експертска група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.
Според МВР, на состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и Словенија.
„По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе“, додаваат од министерството за внатрешни работи.
Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ, и истиот денеска и утре се одржува преку платформата „КУДО“, информираат од МВР.
Македонија
Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3312 тестови преку: ИЈЗ-755, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-291, Биотек-248, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина-273, лабораторија Лаор–265, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 359, активни 4145
Куманово 38, активни 338
Тетово 34, активни 323
Прилеп 34, активни 643
Гостивар 29, активни 184
Штип 3, активни 121
Велес 24, активни 278
Битола 25, активни 209
Кавадарци 36, активни 604
Охрид 38, активни 475
Струмица 36, активни 220
Струга 5, активни 190
Кочани 11, активни 91
Кичево 5, активни 74
Неготино 36, активни 264
Гевгелија 35, активни 223
Свети Николе 1, активни 26
Крива Паланка 12, активни 114
Ресен 6, активни 65
Дебар 3, активни 43
Делчево 2, активни 184
Радовиш 2, активни 23
Берово 3, активни 32
Пробиштип 4, активни 32
Виница 1, активни 27
Валандово 5, активни 32
Крушево 11, активни 85
Кратово 1, активни 28
Богданци 4, активни 51
Демир Хисар 3, активни 23
Македонски Брод, активни 8
Демир Капија 1, активни 40
Македонска Каменица, активни 3
Пехчево, активни 4
Дојран, активни 1
Македонија
(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го посети Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во Визбегово, каде што во тек е пописот на лицата сместени во него како дел од процесот на претпопишување одделни категории лица, процес што почна на 1 март, а ќе трае до 15 март.
„Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните“, истакна министерката Шахпаска.
Таа посочи дека Министерство за труд и социјална политика како ресор ги регрутира прашањата што се однесуваат на пензионерите, работниците, ранливите категории граѓани, децата.
„Во согласност со податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, детски градинки, за стапката на невработеност, во согласност со која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории“, потенцира Шахпаска.
Симовски информира за почнатиот процес на претпотпишување, кој ги вклучува казнено-поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско-конзуларните претставништа и претставници во меѓународните институции, но и самопопишувањето на лицата што претсојуваат во странство.
„Пописот треба да собере и да даде потребни информации за креирање развојни политики за сите граѓани“, истакна Симовски.
Тој апелира до сите граѓани да земат активно учество во пописот со цел негово успешно реализирање.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер