Контакт

Македонија

Отворен дневниот центар за деца и семејства во социјален ризик „Гнездо“

Објавено пред

Граѓанската организација Новинари за човекови права денеска го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик.

Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, а во соработка со невладината ЕКПАТ Австрија.

Ова е прв центар од ваков тип во Македонија, кој ќе функционира како безбеден и поддржувачки простор за најранливите категории граѓани, нудејќи психо-социјална помош, неформална едукација со посебен акцент на деца и млади, правно советување и дневна грижа.

„Овој Центар не претставува само инфраструктурен објект. Тој претставува симбол на солидарност, човечност и вистинска грижа за секое дете и секое семејство во нашата заедница. Тука ќе се обезбедува психосоцијална, образовна, правна и практична помош и поддршка. Тој ќе претставува место каде што секој ќе може да се почувствува слушнат, разбран и поддржан. Тоа се и нашите заложби како министерство, да изградиме мрежа на сигурност и можности, каде што децата ќе имаат пристап до образование, грижа и љубов, а родителите – поддршка, разбирање и алатки за подобра иднина. Суштината на нашата визија за праведно и инклузивно општество се луѓето – особено оние кои најмногу имаат потреба од поддршка“, изјави државниот секретар при Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу.

„Во време кога многу семејства се соочуваат со несигурност, а децата секојдневно се изложени на ризици, создавањето на вакви простори е повеќе од потребно – тие се неопходни. „Гнездо“ не е само простор, туку заедница. Тоа е место каде секое дете ќе може да се чувствува безбедно, прифатено и сакано. Место каде што поддршката не е само услуга, туку вредност. Во мојата секојдневна работа, често се среќавам со приказни на деца и семејства кои минуваат низ тешки, болни, понекогаш и невидливи борби. И секој пат кога ќе видите детска насмевка вратена, знаете зошто оваа работа има смисла. „Гнездо“ токму тоа ќе биде – место каде децата ќе бидат видени, слушнати, и најважно – прифатени“, рече в.д. директорот на Меѓуопштински центар за социјални работи на Град Скопје, Хамза Амети.

„Овој простор е повеќе од центар – тој е иницијатива изградена со визија, посветеност и љубов. Наша цел е да создадеме безбедно место, поддршка и систем на помош за целата заедница, особено за децата и семејствата во ризик. Во рамки на „Гнездо“ ќе функционира дневна градинка за 16 деца од предучилишна возраст, две менторски групи за вкупно 28 ученици од основно училиште, како и психосоцијална поддршка за млади и семејства преку тим од стручни лица – социјален работник, психолог и специјален едукатор“,  истакна координаторката на проектот, Андреа Накова од Новинари за човекови права.

Најново

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава10 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...

Спорт12 часа

Неверојатна грешка на Нојер: Баерн прими гол по само осум секунди и едвај извлече реми

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Аугсбург, во петтото коло од германската Бундеслига, а натпреварот...