Контакт

Македонија

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

Објавено пред

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се бара мораториум за инфраструктурни проекти во единственото светско природно и културно наследство во Македонија и доследно спроведување на Законот за управување со Охридскиот Регион.

„Ви ги предадовме картичките со кои над 8.000 граѓани побараа мораториум за инфраструктурни проекти и доследно спроведување на Законот за управување со Охридскиот Регион. Денес, точно една година подоцна, на истиот ден посветен на нашето најголемо природно и културно богатство, ви се обраќаме повторно – со истото барање и уште поголема загриженост. Тоа што најмногу не загрижува е евидентното избегнување на клучната мерка за спас на единственото УНЕСКО-подрачје во нашата земја – итно стопирање на деструкцијата на исклучителните универзални вредности, односно спроведување на приоритетната препорака бр. 6 на Реактивната мониторинг-мисија: прогласување мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации, барем додека не се завршат и спроведат сите релевантни документи. Спроведувањето на оваа мерка ја налага националното законодавство и за неа не се потребни никакви финансиски средства, човечки ресурси, време, итн. – потребна е само политичка волја“, се вели во писмото.

Според невладините, во изминатата година, од последната одлука на Комитетот за светско наследство до денес, Управниот одбор на НП Галичица со одлуката за прекин на постапката за менување на планот за управување го направи единственото конкретно реализирање на една од 19-те препораки на Мисијата. Другите чекори, како формирање работна група за измени и дополнувања на Законот за управување со Охридскиот Регион, одлуката за спроведување стратешка оцена за влијанието врз животната средина на планот за управување со заштитеното подрачје, имаат потенцијално големо значење за исполнување дел од препораките на УНЕСКО, но во отсуство на клучната одлука за итен мораториум, овие активности имаат и голем потенцијал да бидат залудно потрошени финансии и изгубено драгоцено време.

„Сакаме да укажеме на фактот дека истовремено, додека дел од институциите се посветени на документите, некои од нив спроведуваат и активности што се во спротивност со препораките на Мисијата и последната одлука на Комитетот за светско наследство: во февруари 2018 Владата усвои информации што јасно покажуваат планови за продолжување на дел од постојните проекти, како и за нови крајбрежни трансформации; во јуни 2018 на италијанско-македонскиот бизнис-форум премиерот покани италијански компании да инвестираат во постојниот проект за Коридорот 8 за кој Мисијата има дури три препораки со кои се бараат суштински измени на трасите.

Во јуни Министерството за транспорт и врски објави нацрт-стратегија за транспорт за периодот 2018-2030, во која не се внесени гореспоменатите препораки 1, 2 и 3 за Коридорот 8; а општините Струга и Охрид и понатаму дозволуваат градежни зафати, како трансформации на струшкото крајбрежје, хотелот во Лагадин, итн.“, се укажува во писмото.

Во него се додава дека не случајно УНЕСКО препорача прво итно спроведување мораториум, па потоа завршување на планските документи, препорака чие значење повеќепати беше истакнато од страна на претставникот на регионалната канцеларија на УНЕСКО во Венеција, Синиша Шешум, на министерската средба на 6 јуни во Охрид. „Не само што недвосмислено истакна дека доколку не се спроведе оваа итна препорака останува опасноста Охрид да се најде на листата на светски наследства во опасност,  Шешум ги извести македонските власти дека со тоа се загрозува и доведува во прашање тековната номинација на албанската страна на езерото за светско наследство. Она што можеше да се види од презентацијата на Шешум е поразителниот факт дека деструкцијата на исклучителните универзални вредности во Охридскиот Регион започнува во деведесеттите години на минатиот век и зема драматичен замав од 1998 наваму – сè до состојбата во која се наоѓа денес. Со други зборови сите генерации од почетокот на цивилизацијата (Охридското Езеро постоело илјадници години пред да се населат првите луѓе на европскиот континент) до независна Македонија го чувале, негувале и предавале на своите потомци ова исклучително и уникатно богатство на целиот свет – ние сме единствените што си го уништуваме највредното и доколку не запреме веднаш, може да им го одземеме на сите генерации што доаѓаат по нас“, се вели во писмото.

Невладините апелираат и бараат од пратениците да усвојат суштински заклучоци од надзорната расправа за Законот за управување со Охридскиот Регион и спроведување на препораките од УНЕСКО – заклучоци што недвосмислено ќе им наложат на сите засегнати институции итно спроведување на сите препораки започнувајќи од приоритетните: мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации и справување со илегалните градби. „Тоа е ваша законска и историска обврска кон сите сегашни и идни генерации во Македонија, но и должност кон целиот свет“, укажуваат од еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“.

Македонија

Сијарто потврди дека Груевски преку унгарската граница бил пренесен од унгарски дипломати

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три граници за да стигне до Унгарија, при што сите три преминувања биле целосно легални.

„Тој ги предал своите патни документи и тие биле испитани од властите“, истакна Сијарто.

Унгарскиот министер негираше дека унгарските дипломати кои биле во придружба на Груевски учествувале во каква било трговија со луѓе.

Според изјавата на Сијарто, дипломатите првично го сретнале Груевски во унгарската амбасадата во Тирана, каде што биле запознаени со неговото барање за азил.

Министерот наведе дека не е запознаен со шпекулациите дека во целата ситуација има некаков позaдински договор и додаде дека Унгарија е во постојан дијалог со Македонија за случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈП „Градски пазар“ во Охрид наместо доизградба на затворениот пазар донесе повисоки цени за тезгите

Објавено пред

ЈП „Градски пазар“ претрпе финансиски потешкоти и отежнати услови за работа во пазарот со една година катастрофално менаџирање.
Директорката Кристина Крлеска-Деспотоска набројаните активности во отчетот да ги поткрепи со фотографии за да можат граѓаните да видат навистина што и колку сработиле. Градбата на затворениот пазар досега требаше да биде завршена и дополнително да биде поставен нов покрив, нова фасада и поделба на Хала за текстил на две нивоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Дали намерно се одолговлекува заради тоа што не се дислоцирани тезгите во пазарот за да може инвеститорот да ги започне и заврши другите обврски од договорот со фасадата, покривот и халата? Дали заради тоа може да се доведе во прашање нормалното работење на пазарот?

Директорката Крлеска-Деспотоска и градоначалникот Стојаноски зошто го толерираат изведувачот и дали навистина не му наплаќаат пенали? Со тоа свесно нели го прекршувате Законот?

Дали Претријатието поседува основен проект и одобрение за градба за малото пазарче и кванташкиот пазар или овие градби се дивоградби со што е прекршен Законот за градење и направено е кривично дело?
Дали оградите на мостови, детски и спортски игралишта ги изработувате по Проект основен, одобрен од институција и дали имате квалификувани луѓе со соодветно образование и сертификати, за поставување, градба и заварување на огради и за изградба на огради на мостови?

Наместо доизградба на затвгорениот пазар, охриѓани добија повисоки цени за тезгите, стагнација и беда. СДСМ и градоначалникот Стојаноски од животот што го ветуваа донесоа само уназадување на Охрид, обвинуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Во судот се изведуваат писмени докази за настаните од 27 април

Објавено пред

Со получасовно задоцнување во Kривичниот суд утрово продолжи судењето за настаните од 27 април. На почетокот од судското рочиште, обвинителката Вилма Рускоска повлече дел од предложените писмени докази.

Меѓу нив беа наредбата за вештачење на телефонот на ослободената од кривичен прогон, Жаклина Пешевска, цедеа од крим техника чија содржина веќе била изведена порано, цедето со препознавањето од новинар како и доставениот акт за одземени предмети од обвинетиот Михаил Младеновски.

Предметот е во фаза на доказна постапка. По сите докази предложени од Обвинителството, судот ќе ги изведува доказите на одбраната на обвинетите. За случајот обвинети се 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, од кои двајца како помагачи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Сијарто потврди дека Груевски преку унгарската граница бил пренесен од унгарски дипломати

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија50 минути

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување обвинетиот е недозволиво да...

Македонија1 час

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија1 час

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет2 часа

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет2 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија2 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија12 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија14 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија16 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија16 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized19 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија19 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски20 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија21 час

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски21 час

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија24 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет24 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија1 ден

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Досие