Македонија
Отстрането дискриминирачкото известување за родилките во струмичката болница

Болницата за гинекологија и акушерство никогаш не вратила ниту една родилка која немала документи, и секоја, независно дали е венчана или не, во рок од 36 часа добива извод за новороденчето, изјави за „Макфакс“ директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, кој вели дека известувањето дека родилките мора задолжително да понесат извод од венчаните е утрово отстрането.
Според него, известувањето за кое имаше бурни реакции на социјалните мрежи и беше протолкувано како дискриминирачко го ставил некој од вработените веројатно без да размисли убаво за содржината.
„Струмичката болница е дел од проектот ‘Добредојде бебе’ и најодговорно тврдам дека никогаш не се случило некоја родилка да биде вратена бидејќи не поседува некој документ. Болницата на сите, без исклучок дали се венчани или не, во рок од 36 часа им издава извод на новороденчињата. Сметам дека известувањето беше протолкувано надвор од контекстот, но се согласувам дека не е соодветно напишано и утрово го тргнавме“, ни рече Гогов.
Имено, написот на кој вчера имаше бурни реакции на социјалните мрежи го содржеше следниов текст: „Пациентките кои доаѓаат на Акушерско одд. за породување ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да донесат извод од венчаните“.
Во интегралното известување што го испратија до нашата редакција а од кое е изваден спорниот текст пишува: „Се известуваат сите родилки дека нашата болница е дел од Проектот на Министерството за здравство ‘Добредојде бебе’ и секоја родилка најдоцна 36 часа по породувањето може да поднесе да ѝ биде издаден извод за новороденчето преку болницата. За сите информации може да се обратите кај одделенската сестра на Акушерија или кај администраторот на Мој термин на 076/787-020 (Коле). Потребни документи за издавање извод на новороденче се: Копија од извод на венчани / копија од извод на родени од мајката (ако е самохрана мајка), копија од лична карта на двајцата родители (или копија од пасош), платежна картичка (од која се наплаќаат 50 денари за извод и 100 денари административна такса).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода повеќе улици во Црниче и Пржино

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека поради промена на 13 затворачи со пречник ф-150 мм, ф-100 мм и ф-80 мм на улиците: Рилски конгрес, Славејко Арсов и Банско прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Рилски конгрес, Славејко Арсов, Банско, Серска, Кратовска, дел од 50. дивизија, дел од Димче Мирчев, Христо Чернопеев, Востаничка и Црниче. Другите улици од населбите Црниче и Пржино во општина Кисела Вода ќе бидат со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот до завршување.
Македонија
Заев и Саливан телефонски разговараа за договорот од Преспа и напредокот кон НАТО

Премиерот Зоран Заев, денеска, оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Саливан. Заев во разговорот ја изрази благодарноста на Владата за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на договорот од Преспа и го запозна со активностите во врска со спроведувањето на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од договорот со Грција, соопшти Владата.
Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласиле дека успешниот епилог на договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот.
,,Премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.
Заев и заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Џон Саливан, ги споделија заемниот интерес и определбата двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот и во таа насока заменик-државниот секретар на САД, Саливан, ја изрази својата постојана поддршка за преспанскиот договор и истакна дека со нетрпение чека да ѝ посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО“, се додава во соопштението.
Македонија
Нов предлог-закон за инспекциски надзор

Владата на денешната седница, по предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, го разгледа и усвои предлог-законот за инспекциски надзор, кој има цел надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на сегашниот Закон за инспекцискиот надзор и воведување нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и изедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор.
Како специфични цели на овој предлог на законот, меѓу другото, се предвидуваат превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор, преку воведување опомена како примарна инспекциска мерка; зголемена сигурност и предвидливост за субјектите на надзор, со задолжителноста на листите на процена и степенувањето на ризикот, како и подобрување на ефективноста на инспекцискиот совет преку појасно и попрецизно определување на неговата улога и надлежност.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал