Контакт

Македонија

Охрид одби да даде пари за лекување на малата Сара, но изгласа обесштетување на рестораните погодени од невремето

Објавено пред

Советот на Општина Охрид не изгласа на дневен ред да се стави точката за помош за лекување на Сара Настеска од Охрид, која боледува од малиген тумур.

Предлогот беше Општина Охрид да помогне со 1 милион денари за лекувањето, но со 17 гласа „воздржан“ предлогот не бил усвоен на дневен ред. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претходно имале консултации, вели градоначалникот Јован Стојаноски за „Макфакс“ и заеднички ја донеле одлуката.

„Тоа е едноставно поради законските ингеренции на Општината. Фоднот за здравство е институцијата што треба да помогне. Треба и ние да помогнеме, затоа сме организирале акции. Исто така, ако од буџетот еднаш се издвојат средства, ќе треба тоа да се прави за сите бидејќи има и други болни лица“, вели Стојаноски за „Макфакс“.

На седницата беше изгласано да се обесштетат рестораните чии платформи беа уништени од невремето на 17 март годинава. Според неофицијални информации, сумите за отштета на рестораните се движат приближно по 1 милион денари. Советот изласа елаборатите на рестораните што имаа штети да се ипратат во Владата за да се исплати паричен надомест.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Објавено пред

Во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен за 6.2 милиони евра, информираше СЈО.

Во рамките на истрагата, судот донел решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица Орка холдинг АД и Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на Ексико и Тимох увоз извоз ДОО Скопје.

„Информираме дека петте осомничени лица, за кои беше поднесен предлог за определување на мерка притвор, се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес. Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела“, стои во соопштението на СЈО.

За случајот „Империја“ триесетдневен притвор беше определен за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев.

Под истрага е и Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК, Ратка Куноска Камчева – мајка на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Орка Ходинг, Кристина Камчева Стојческа – сестра на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог Тетово, Лилјана Гајдоска – правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија, Владислав Стајковиќ – сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев – извршен директор на Бетон Штип, Јованче Тасковски – брокер и овластено лице во ДИС- Архивирај ДОО Скопје и Дејан Јанев од О.Т.Е Инвест. 

Прикажи повеќе...

Македонија

СЈО за „Империја“: Оштетен буџетот за шест милиони евра, испрани речиси 11 милиони евра

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство информираше дека во рамките на истрагата „Империја“, судот донел решенија за определување на привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ Тимох увоз извоз ДОО Скопје.

„Во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува дека е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра. Воедно, информираме дека петте осомничени лица, за кои беше поднесен предлог за определување на мерка притвор, се приведени врз основа на издадени наредби за приведување од судија на претходна постапка, а нивното изведување пред судијата е извршено откако беа завршени претресите кај истите врз основа на издадените наредби за претрес. Потсетуваме дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела“ се наведува во соопштението на СЈО.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

„Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање потерница. Министерството за внатрешни работи  постапува по наредбата веднаш откако му беше доставена“, велат од МВР за „Макфакс“.

Судот соопшти дека денеска добиле известување од затворот во Шуто Оризари оти експремиерот Никола Груевски не се јавил за издржување на затворската казна. Од судот додаваат дека во текот на денешниот ден правеле нови обиди да му го достават на Груевски решението на кривичниот совет за издржувањето на казната.

Во петокот судските курири во неколку обиди не успеаја да го пронајдат Груевски на адресата на која е пријавено неговото живеалиште. Експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ е осуден на две години затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија8 минути

СЈО за „Империја“: Оштетен буџетот за шест милиони евра, испрани речиси 11 милиони евра

Специјалното јавно обвинителство информираше дека во рамките на истрагата „Империја“, судот донел решенија за определување на привремена мерка одземање на...

Македонија1 час

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ2 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија3 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија4 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет5 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија5 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа6 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион9 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија10 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија23 часа

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија24 часа

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Досие