Контакт

Крвав четврток

Очекував да чујам да кажете дека имало уште жолти комбиња, им рече Русковска на адвокатите на обвинетите

Објавено пред

Обвинителката Вилма Русковска на почетокот на судењето за настаните од 27 април приговараше на забелешките на адвокатите на обвинетите дека на снимките од Собранието обезбедени од ТВ-куќите го нема реалното време и дека се сечени, лепени и монтирани.

„Јавното обвинителство не е кинотека. Од сега па натаму ќе биде овозможен само препис на доказите. Очекував да чујам уште жолти комбиња“, рече Русковска.

Таа им порача на адвокатите на обвинетите да бидат активни и да ги бараат снимките од ТВ-куќите во корист на нивните клиенти. Рече дека Обвинителството нема што да крие, уште помалку да сече, лепи и монтира.

На денешното рочиште продолжува репродуцирањето на снимките на Обвинителството во судницата.

На обвинителната клупа, покрај пратениците Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, се и ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски – Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. За терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Крвав четврток

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Објавено пред

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во Собранието, воедно и сведок во процесот за случувањата од 27 април минатата година.

Во еден од разговорите што ги презентира обвинителката Ивана Трајчева помеѓу Весна Герговска и Коцевски, Герговска на 27 април во 14.10 часот му пишува порака: „Ве молам, лицата за интервентни ситуации и сите други што можете, известете ги, да бидат на готовс во секој момент, ќе дадеме насоки, ве молам за сериозност“.

Претходно, истиот ден во 13.14 часот Герговска го известува сведокот членовите да се соберат пред Музејот на ВМРО во 16.40. Оваа порака за собирање на членството во 16.40 часот пред Музејот на ВМРО, Герговска речиси секој ден му ја испраќа на Сашко Коцевски уште од 13 март 2017 година, при што повикува за се поголем одѕив и повик на членството од месните комитети и администрацијата.

Од пораките може да се забележи дека секојдневно било повикувано членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да излезе на протестите „За заедничка Македонија“, иако во тој период организаторите на протестите велеа дека тие не се партиски и дека немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку дека се работи за револтирани граѓани од тиранската платформа.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Објавено пред

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во Собранието, лицето потпишано како „колешка Чаир“ во мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски, во 18.14 часот на 27 април 2017 година пишува: „Дај боже, да влеземе, да ги затепаме, ихаааа. Од 13.30 чекаме, хахахахахахах…“

Во 18.49 часот истиот контакт во групата пишува: „Влезе народот. Влеговмееее, ајде пратеници“.

Во 18.53 часот лицето „колешка Чаир“ вели: „Отворете ги предните вратииии“.

Една минута подоцна истиот контакт во групата пишува: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте дечки вратите“.

Во 19.15 контактот потпишан како „колешка Чаир“ во групата каде што членуваат пратениците вели: „Пуштајте клима, изгинаа луѓево“.

Рочиштето за крвавиот четврток продолжува со читање СМС и вибер-комуникации од телефонот на Крсто Мукоски со разговорот помеѓу пратеникот и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, каде што пратеникот се распрашува за снимките од безбедносните камери од Собранието.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Објавено пред

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата помеѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и пратеникот Крсто Мукоски, во 18.19 часот ексминистерот му вели на пратеникот: „Алал вера за денес, брат“, на што Мукоски одговара: „Фала ти, мора малку да е тензично надвор за да се префрли фокусот таму оти тука се сите камери, тензично е. Цело време го прашуваат Заев неговите што да прават“.

Во 18.38 часот Мукоски му пишува на Јанакиески: „Ќе направиме проблем, нека почнат тие први“.

Во 19.10 часот Јанакиески му вели на Мукоски: „Качете се дел во прес-салата, каде што е Заев“.

Претходно на 27 април на почетокот на седницата, Крсто Мукоски, го информира Миле Јанакиески дека Заев се јавил за процедурално, на што ексминистерот му одговара: „Одете по нив кај и да се движат“.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски11 час

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија12 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија12 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија13 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија13 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate16 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести16 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести16 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија1 ден

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија1 ден

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски1 ден

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие