Македонија
ОЈО Скопје: Со оглед дека Перпарим Бајрами е недостапен на органите на прогонот, ќе се преземат други дејствија за прибирање докази

Основното јавно обвинителство Скопје ја прими и веќе постапува по пријавата на Финансиската полиција против Перпарим Бајрами, известуваат од ОЈО Скопје.
„Со оглед дека осомничениот сè уште е недостапен на органите на прогонот и по него се трага со национална и меѓународна потерница, ќе се преземат други дејства за испитување и прибирање докази“, соопштуваат од ОЈО Скопје.
Денеска, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државната лотарија на РС Македонија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 ст. 4 вв ст. 1 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
И понатаму да ја покажеме нашата солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства: Црвениот крст со апел

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства.
Досега, како што информираат, обезбедни се вкупно: 42.739.931,00 денари. Средствата се наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.
„Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:
– Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
– Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком, А1 Македонија, МТЕЛ 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
– Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
– За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228“.
Македонија
„Сонувајте мирисни полиња, сонувајте сончеви утра, сонувајте мирно езеро, сонувајте и патувајте…“ напиша Драган Спасов Дац

Актерот Драган Спасов Дац се огласи на социјалните мрежи по трагедијата што се случи во Кочани, кога на 16 март, во пожар во дискотеката „Пулс“, 59 луѓе го загубија својот живот.
„Сонувајте мирисни полиња со вртипоп од кои пчелите ги товараат своите бисаги со полен. Сонувајте сончеви утра во кои росата ја пои тревата. Сонувајте мирно езеро како тепсија во кое се одразува вашата личотија. Сонувајте ги најубавите бои и птици, сонувајте птици кои се враќаат во ланските гнезда“, напиша актерот Драган Спасов Дац.
„Сонувајте виножито по кое ситниот дождец создава ноти. Сонувајте како љубовта владее со светот и сите танцуваат во ритмот на небесната музика. Сонувајте ги ѕвездите, тие ќе сјаат само за вас. Безброј ѕвезди кои ќе ви го осветлуваат патот. Сонувајте и патувајте…“, додаде Дац.
Денеска беа погребани починатите.
Македонија
МЗ: Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати медицински тимови се на терен

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти.
Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните.
„Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност. Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност. Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик“, посочуваат од МЗ.