Контакт

Македонија

ОЈО ја гони лажната адвокатка од Охрид за надриписарство

Објавено пред

Основното јавно обвинителство по допрен глас ја гони лажната адвокатка од Охрид, Емилија Стојановска, потврдија од институцијата. Оттаму велат дека се собира доказен материјал за сторено кривично дело „надриписарство“, за кое е предивдено казна до една година затвор.

„Лицето Емилија Стојановска не е регистрирано во Именикот на адвокати“, велат од Адвокатската комора за „Макфакс“.

Останува можноста ОЈО, освен за кривичното дело „надриписарство“, да ја гони Стојановска и за измама доколку доказите укажуваат на тоа.

„Од каде вие знаете дека сум работела како адвокат?“, праша Стојановска. Кога ѝ посочивме дека поставила рекламна табла на која пишува дека врши адвокатски услуги, Стојаноска посочи: „Па не мора да работам како адвокат за да си поставам табла, може така сум ја ставила“.

Штетите што ги предизвикала Стојановска застапувајќи предмети како адвокат без лиценца може да бидат огромни, вели адвокатот Ѕвонко Давидовиќ за „Макфакс“.

Инаку, повеќе од две години Емилија Стојановска од Охрид работела како адвокат. Незаконското застапување странки го открила судијката Весна Кичеец во тек на судење, каде што полномошник била Стојановска. Вработени во охридскиот суд веќе биле на распит во ОЈО.

 

Македонија

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Објавено пред

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако и официјално ги известиле своите колеги во Унгарија за потерницата по поранешниот премиер. Од македонското Министерство велат дека ги известиле колегите и за затворската казна на Груевски кога од нив добиле потврда дека тој е во Унгарија и дека бара азил.

„Условите Никола Груевски да биде екстрадиран се исполнети и не постои ниту една причина тој да добие азил во Република Унгарија. Го известивме Министерството за внатрешни работи на Република Унгарија дека за Никола Груевски е распишана потерница и дека се бара за издржување затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконско влијание од чл. 359, ст. 2 од КЗ. Веќе е распишана и меѓународна потерница и ова лице треба да биде екстрадирано во Република Македонија. Двете министерства за внатрешни работи досега имаа одлична соработка, исто како и двете земји, Република Македонија и Република Унгарија, и очекуваме таквата соработка да продолжи“, велат од МВР.

Двете министерства лани се обврзаа на меѓусебна соработка, посебно во делот мигранти, но од МВР, и покрај унапредената соработка, нема одговор на прашањата дали нивните унгарски колеги им кажале каде е сместен Груевски, дали го поднел барањето за азил и дали веќе се направени разговор и интервју по барањето.

Од МВР не одговорија дали побарале податоци од унграските колеги како лично поранешниот премиер ја минал затворената балканската мигрантска рута.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села бара оставка од Заев и итно формирање експертска Влада, по бегството на Груевски

Објавено пред

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на експремиерот Никола Груевски. Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.

-Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Одма да се формира експеррска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството не Груевски не епрв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…, рече Села на денешната пресконференција.

Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.

Слични барања испорачаа и од Беса на Касами , од каде рекоа дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска аместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.

– Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Имаше гласини дека некој ќе бега, но не можевме да преземеме ништо

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека постоеле гласини дека некој може да бега, но власта не можела да презеде дејствија за некој кој сè уште е слободен човек и кој нема упатен акт за затвор.

На новинарско прашање кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски, тој вели дека ако граничната полиција направила пропусти, ќе има последици.

„Апсолутно секој процес го водиме транспарентно и нема ништо тајно и заткулисно. Пропусти нема направено ниту една институција единствено ако граничната полиција направила пропусти. Веднаш дадовме налог да се истражи секоја постапка и сè ке биде јавно објавено“, рече премиерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија37 минути

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 час

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски кој е во...

Македонија2 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија2 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет3 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија4 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија5 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија16 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија18 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија19 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија20 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија21 час

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања23 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија23 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток24 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија24 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие