Контакт

Македонија

„О2 коалиција“ со повик до уставните судии да одлучат по спорните ДУП-ови за Карпош

Објавено пред

Од „О2 коалиција“, која се бори за почист воздух во главниот град, денеска во соопштение нагласуваат дека и по еден месец од нивната јавна реакција, со која како граѓани го повикале претседателот на Уставниот суд да преземе одговорност и да ја утврди причината за одолжувањето и да побара одлучување по поднесените граѓански иницијативи во врска со ДУП З 06, З 04, З 05 и СЗ 19 во општина Карпош, Уставниот суд сè уште ги игнорира изразените основани сомнежи и продолжува да не го штити уставното начело на владеење на правото.

„Овие претставки се израз на повеќегодишни заложби на жителите во оваа скопска општина да стават крај на непланираното уредување и дехуманизација на просторот, уништување и деградирање на животната средина и на природата, сите нарушени и загрозени уставни темелни врдности и права“, се наведува во соопштението.

Како што истакнуваат од „О2 коалиција“ во писмото од 30 март, од претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски побарале да ги утврди причините за непостапување по предметите примени од Уставниот суд на 6 септември и на 18 октомври минатата година и да побара брзо одлучување по нив.

„Поразително за нас како граѓани на оваа држава и жители на урбанистички загрозената општина е што Уставниот суд, кој треба да го штити начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, сè уште не носи решение за поведување постапка по предметите за ДУП З 04, З 05 и СЗ 19. Истовремено, предметот за ДУП З 06 не е вратен за одлучување по неговото тргање од дневен ред од седницата на 31 јануари годинава. Следната седница на Уставен суд е закажана за 18 април и ниту еден од предметите не е на дневен ред“, велат од „О2 коалиција“.

Оттаму додаваат дека исклучително симптоматично е што додека одлучувањето по овие спорни четири предмети се одложува, судот одлучува по предмети што се примени подоцна.

„Свесното непостапување по предметите е срам за судиите, за Уставниот суд, за оваа држава. Бараме од уставните судии што ги имаат овие предмети да престанат со манипулација на своите надлежности, да не работат според нечии други бизнис-интереси и да постапат стриктно онака како налагаат правдата и Уставот. Повикуваме и апелираме за најитно решавање на овие предмети. Јавно ќе ги повикуваме судиите сè додека Уставниот суд не донесе конечни одлуки по четирите предмети“, стои во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЈП Водовод и канализација: Долговите до 31 декември 2017 може да се платат без камата

Објавено пред

ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите и извршителите како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.

Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на [email protected] и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Објавено пред

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки, велат од Министерството.

Останува задолжително носењето на заштитна опрема, честото миење и дезинфицирање на рацете, како и одржувањето на потребната физичка дистанца од 1.5 до два метра.

„Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот“, се наведува во соопштението.

Од денеска се укинува полицискиот час на територијата на целата држава.

„Оваа одлука е донесена врз база на детална анализа за досегашниот три месечен период откако е дијагностициран првиот случај со коронавирус во земјава. Заклучокот е дека соодветно се почитуваат препораките и алгоритмите на Комисијата за заразни болести, пришто превземените мерки дадоа одредени резултати. Еден од факторите за намалувањето на рестриктивните мерки е намалениот мобирдитет, морталитет, леталитет кој ги следи европските и светските трендови“, велат од МЗ.

Во однос на регистрираните случаи со Ковид-19, од Министерствто велат дека тие се контролираат и се во постојана комуникација со медицинскиот тим.

Во овој момент, се додава во соопштението, 50 посто од капацитетите се исполнети во болничките установи, има доволен број на легла, заштитна опрема, како и респираторни машини.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

Објавено пред

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот.

Владата вчера на седница донесе и одлука рестораните и кафулињата утре да почнат со работа, со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза.

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила да препорача укинување или намалување на рестриктивните мерки, точно три месеци откако беше утврден првиот случај на коронавирус во земјава.

Тој рече дека препораките се правени во однос на последниве 14 дена, кога се гледа подобрување во однос на новорегистрираните случаи на коронавирусот.

„Во периодов од 14 дена имаме просечно од 10-40 случаи, што значи во просек на дневно ниво 20 случаи. Смртноста изнесува 1,1 случај на дневно ниво, што е многу подобро од земјите каде има десетици. Станува збор за намалениот морбидитет, морталитет кој ги следи европските и светски држави“, рече тој.

Караџовски додаде дека во пет градови има поголем број на заболени лица, кои, како што рече, ги држат под контрола, бидејќи се познати кластери.

Премиерот, Оливер Спасовски, сепак, предупреди дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина.

„Треба да прифатиме дека пандемијата не е победена и дека е закана по секој граѓанин. Секое игнорирање оди директно на штета на борбата против вирусот. На сите ни е јасно дека ова е нова фаза за сите нас. Тоа ново секојдневие не повикува и не обврзува“, порача Спасовски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките, бидејќи ако тоа не биде така, агонијата со вирусот ќе продолжи, а по неколку месеци, повторно ќе мора да се воведат рестриктивните мерки.

Владата донесе одлука од 1 јуни да престанат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки.

Владата заклучи дека оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и така натаму;

Ова не важи за хроничните болни, а како дополнителен заклучок Владата денеска утврди дека отстапка од оваа одлука се и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет48 минути

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирус

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија2 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот, покрај олабавувањето...

Економија2 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија2 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава5 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија14 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија15 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија15 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија15 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија15 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион20 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија21 час

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија21 час

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија22 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија22 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија22 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет23 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа1 ден

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион1 ден

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Досие