Контакт

Македонија

(Видео) Павлевски: Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор

Објавено пред

„Јас му го спасив животот на Села, не очекував казна затвор“, рече Стојан Павлевски пред новинарите кога кривичниот суд во Скопје го осуди на три години затворска казна за насилството во Собранието на 27 април минатата година.

Во казната ќе му се пресмета и времето поминато во притвор. Судијката образложи дека Павлевски прв влегол и се упатил кон пратениците и почнал да ги напаѓа поради што доби повисока казна од Цејо Георгиевски, кој беше осуден на една година и два месеца.

Павлевски, кој доби три години затвор, најави дека ќе се жали за висината на казната.

Македонија

Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР без одлука на Влада

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат поништил во Службен весник 124 решенија за распоредување во МВР, оти за нив немало одлука на Влада, рече денес техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој на прес-конференција пред Јавното обвинителство побара што поскоро Обвинителство да направи истрага, да ги обезбеди доказите за фалсификатот со што ќе спречи бришење, уништување или прикривање на доказите.

„ На седницата на Владата што се одржа во саботата на 15 февруари последна за гласање беше ставена точката за поништување на пет решенија донесени од моја стана за распоредување на вработени во Министерството за внатрешни работи. Со мнозинство гласови Владата десет минути пред полноќ, значи во 23. 50 часот го усвои предлогот да се поништат пет решенија, повторувам, само пет решенија за што постои записник, односно стенограм. Нејасно е како оваа одлука експресно, во координација со службата во Владата и со одобрување од Оливер Спасовски е објавена во Службен весник број 41, токму од истиот ден 15 .02.2020 година каде покрај петте решенија чие поништување беше изгласано, се најдоа дополнителни 124 решенија за распоредување и една наредба за извршување на работа и работни задачи. Ове решенија воопшто не биле предмет на разгледување на членовите на Владата ниту е донесена одлука за нивно поништување. Имајќи предвид дека ситуацијата налага итно преземање на дејствија со цел да се спречи бришење, уништување или прикривање на докази го повикувам Основното јавно обвинителство да преземе дејствија за обезбедување на доказите и да спроведе истрага. Во спротивно ќе биде директно одговорно за неказнетото фалсификување на оваа одлука на Владата“, рече министерот Чулев.

Тој апелираше вработените во Владата кои по насоки на Оливер Спасовски веќе го прекршиле Законот да се воздржат од дополнителни дејствија со кои ќе се обидат да ги уништат или менуваат доказите и ќе влијаат на понатамошно откривање на кривичните дела.

„Истовремено ја повикувам Владата да се воздржи од идни активности во насока на мешање во ингеренциите и независноста на Министерството за внатрешни работи и директно влијание врз избирачкото право на граѓаните и изборниот процес“, повика министерот Чулев.

За да ги смири тензиите и покрај тоа што смета дека Владата нема право да укинува индивидуални правни акти, Чулев ги повикал колегите со поништени решенија да се вратат на старите работни места.

„Поентата на оваа Влада е да предизвика хаос во Министерството за внатрешни работи и да предизвика одредени инциденти помеѓу самите вработени. Во текот на денешниот ден ние ќе издадеме нови акти, наредби, со коишто луѓето коишто јас сум ги назначил, а кои се во согласност со она што согласно Законот за Влада ми е дадено како право да назначам 10 %, ќе бидат вратени на старите работни места. Со оглед на тоа што Владата со одлука ги поништи сите овие решенија на незаконски начин, за кој сега информирав, на истите им кажав да си се вратат на старите работни места за да се избегнат инциденти во рамките на Министерството за внатрешни работи“, рече министерот Чулев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Костадинов: Наместо да прави драми, Милошоски да си подготви добри адвокати зашто ќе му требаат

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов му порача на пратеникот Антонијо Милошоски наместо да прави драми и да ги манипулира граѓаните, да си подготви добри адвокати, бидејќи, како што рече, ќе му бидат потребни.

Запрашан за коментар откако Антонио Милошоски ги достави материјалите што ги презентираше во Собранието во Јавното обвинителство, Костадинов рече дека тој лично го повикал Милошоски да ги достави сите материјали којшто ги има.

„Тоа е начинот на којшто треба да функционираат работите, јас сум цврсто убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на претседателот на партијата, напротив би рекол дека станува збор за сериозен страв и паника кај поранешниот колега Антонио Милошоски по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство. Знаете во Собрание човекот беше избезумен, што ли не реплицираше, кави ли не се лаги фрлаше од собраниска говорница.

Знаете станува збор за човек којшто имавме можност како граѓани да го слушнеме како го договара името по телефон, имавме можност да слушнеме како договара лустрација само заради тоа што некој човек не му бил нему симпатичен.

За Антонио имаме уште многу што да зборуваме а се однесува и на продажбата на објекти на Амбасадата на Република Северна Македонија. Станува збор за сомнителни договори со фирми од општина Штип во однос на реконструкции и рехабилитации на објекти на Министерството за надворешни работи, да не набројувам ќе ми треба цел ден за што се сомничи поранешниот колега Антонио Милошоски“, рече Костадинов.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Започна изградбата на нова градинка во Волково

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, ја означија изградбата на нова градинка во Волково. Тие денеска го посетија градилиштето каде, како што најавија, за година и половина ќе биде завршена новата градинка.

Вложувањето во децата е најдоброто вложување што го прави државата и директно вложување во економијата, посочи вицепремиерката Царовска.

„Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата кои веќе одат во постоечките градинки во овој дел од градот и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата. Како Влада навистина покажавме дека инвестирањето во предучилишното образование е наш висок приоритет. Само во две и пол години вложивме повеќе од 180 милиони денари, што покажува дека сакаме да ја подобриме инфраструктурата во детската заштита. Исто така, преку програмата на Светска банка, обезбедивме 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Важно ни е и да се зголемува квалитетот на програмите за рано учење и ран детски развој. Ова го правиме со цел да го подготвиме новиот човечки капитал што го имаме во нашата држава, да може да ги пресретне современите текови на живеење и полесно да се справи со сите предизвици. Со тоа директно придонесуваме за развој на економијата и на државата во иднина“, нагласи Царовска.

Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2020 година издвои 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки.

„Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат, туку тоа се места каде децата почнуваат да учат, да го осознаваат светот и да се социјализираат. Затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот а наша обврска како институции и од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме. Токму затоа силно инвестираме во раниот детски развој. Вкупната инвестиција во оваа градинка е над 80 милиони денари, од кои околу 73 милиони денари се обезбедени од МТСП заедно со Светска банка“, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Градоначалникот Наумоски рече дека градинката ќе биде најубавата во државата. Во градинката, што се гради во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, дел од детството ќе минуваат 175 деца.

Мината година платите на стручниот кадар во градинките пораснаа за 26 проценти. Во следните четири години опфатот на деца во предучилишно образование ќе се зголеми на 60 отсто. За да се оствари стратешката цел на Владата за вклучување на што повеќе деца во предучилишно образование, Министерството за труд и социјална политика работи на зголемување на пристапот и опфатеноста не само во градинките туку и на формирање центри за ран детски развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР без одлука на Влада

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат поништил во Службен весник 124 решенија за распоредување во МВР, оти за нив немало одлука...

Македонија2 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монструм” а прибавен од нелегално снимените разговори,...

Свет2 часа

Поранешен рагби играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија4 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија4 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија5 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија5 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет6 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет6 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион7 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион7 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет7 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Регион20 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет20 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија24 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија1 ден

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија1 ден

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион1 ден

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет1 ден

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Досие