Контакт

Македонија

Пад на вредноста на општинските тендери за една третина

Објавено пред

Градот Скопје и 80 општини потрошиле 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра за јавни набавки во 2022 година. Произлегува дека во 2022 година се потрошени дури 65 милиони евра помалку отколку во 2021 година, според базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година, што денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации.

Пад на вредноста на јавните набавки во 2022 година е забележан кај 54 општини и Град Скопје. Притоа на листата на единици на локалната самоуправа со најголеми падови на вредноста на јавните набавки, што ја предводи Град Скопје со намалување на тендерите од 31 милион евра, се наоѓаат и скопските општини Центар и Гази Баба, со падови од 5 милиони евра, потоа Гостивар, со пад од 4 милиони евра, и Тетово со 3 милиони евра. Другите општини имаат намалување на вредноста на набавките под 3 милиони евра.

Најголеми скокови во апсолутната вредност на тендерите во 2022 година имаат остварено општините Кисела Вода, со раст од 3,6 милиони евра, потоа Струмица со 3,5 милиони евра и Штип со раст од 2,8 милиона евра.

И покрај големиот пад, јавните набавки на Град Скопје се на врвот според вредноста и изнесуваат 916 милиони денари, односно околу 15 милиони евра. Но, за разлика од претходните години, кога уделот на јавните набавки на Град Скопје изнесувал и до една четвртина од вкупните набавки на локалните власти, во 2022 година тој удел е намален на 13 %.

За падот на досегашната доминација на скопските општини во однос на трошоците за јавни набавки говори и податокот дека во Градот Скопје и во 10-те скопски општини се потрошени речиси 40 милиони евра, што е половина од потрошеното во 2021 година во износ од 82 милиона евра. Поради овој пад, уделот на скопските општини и на Град Скопје во вкупните набавки е намален од 45 % во 2021 година на 33 % во 2022 година.

Во првата десетка единици на локалната самоуправа со најголема вредност на тендерите зад Град Скопје се Кисела Вода и Битола, со вредност по речиси 7 милиони евра, потоа е Струмица со 5,4 милиони, па Штип со 4,8 милиони евра, Кавадарци со 4,4 милиони евра, Центар со 4,2 милиони евра, Куманово со 4,1 милиони, Гостивар со 4 милиони и Гази Баба со 3,4 милиони евра. За нерамномерноста меѓу општините говори податокот дека овие десет единици на локалната самоуправа имаат вредност на набавките буквално колку преостанатите 71 општина заедно.

Над еден милион евра имаат 30 општини, следни се 21 општина со вредност на јавните набавки помеѓу половина и еден милион евра, потоа 21 општина имаат договори за јавни набавки во вредност од 200 илјади до 500 илјади евра и на крајот се 9 општини, чии јавни набавки се вредносно под 200 илјади евра.

На дното од табелата со убедливо најмала вредност на јавните набавки е Општина Вевчани, со само 50 илјади евра. Веднаш пред неа е Општина Лозово, со јавни набавки од 53 илјади евра, потоа општините Центар Жупа, Шуто Оризари и Старо Нагоричане, со набавки од 113 до 129 илјади евра.

На јавни набавки на жител се потрошени од 5 до 392 евра

Просечно, на јавни набавки на жител во 2022 година се потрошени по 69 евра, што е за 15 евра, односно 18 % помалку од 2021 година кога просекот изнесуваше 84 евра на жител. На врвот во 2022 година e Општина Карбинци, со 392 евра вредност на јавните набавки на жител. Општината имала поголеми инфраструктурни проекти, како што се санација на мост на реката Брегалница кај селото Долни Балван, регулација и уредување на речното корито на Козјачка Река, како и реконструкција на улици. На второ место е Петровец со 316 евра, потоа следуваат Општина Новаци со 277 евра на жител, Општина Дојран со 167 евро и Општина Росоман со 164 евра. Сите други општини имаат вредност на јавните набавки помали од 150 евра на жител.

На дното е Општина Шуто Оризари со само 5 евра на жител, а пред неа Врапчиште со 17 и Сарај со 20 евра на жител.

Гледано во однос на консолидираните буџети на единиците на локалната самоуправа, произлегува дека просечно на јавни набавки во 2022 се потрошени 19 % од консолидираните буџети на општините и на Градот Скопје. Висок удел од 30 до 62 % од буџетот трошат само 10 општини по што следуваат 23 општини, кои на јавни набавки трошат од 20 до 30 % од буџетот, а најголем дел од општините, односно 35, имаат удел во буџетите од 10 до 19 %. На дното се 13 општини, во кои на јавни набавки се трошат од 3 до 9 %.

Вредноста на набавките на жител, како и уделот на вредноста на јавните набавки во општинските буџети, се дел од параметрите што може да се видат на ниво на сите единици на локалната самоуправа во базата на податоци за јавни набавки на општините во 2022 година.

Најново

Свет16 минути

(Видео) Трамп му врачи медал за наука на Илон Маск: „Тој е нашиот современ Томас Едисон“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му го врачи престижниот Национален медал за наука на директорот на „SpaceX“, Илон Маск, на...

Економија21 минута

Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната...

Спорт29 минути

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера,...

Македонија54 минути

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт58 минути

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава58 минути

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет1 час

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...

Свет1 час

Холанѓанец на боледување истрча маратон и доби отказ, работодавачот сега мора да му исплати 60.000 евра

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучи да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто...

Забава1 час

Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

Сезоната на настинки и грип носи зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ги обичната настинка и грипот. Иако не постои...