Контакт

Македонија

Пазарџиите против новата цена за паркинг, ПОЦ советува да се прифатат мерките

Објавено пред

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утрово излегоа на протест поради поскапувањето на цената за паркингот во Општина Центар. Протестот предизвика блокирање на сообраќајот на дел од булеварот Кирил и Методиј во центарот на Скопје.

Од 8 јануари цените за еден час паркинг на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие за јавни паркиралишта се зголемија за 20 денари.

ЈП „Паркинзи на Општина Центар” апелира до нив да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Автомакедонија“ како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите.

„Затвореното паркиралиште ‘Автомакедонија’ се наоѓа во непосредна близина на Зелен пазар и со години  е преоптоварено и злоупотребувано од луѓето кои работат таму. Во изминатиов период ЈП ПОЦ воведе неколку мерки за решавање на овој проблем, односно постави нов систем за препознавање на регистарски таблички, систем со двојни рампи за контрола на пристап на возила и како последна мерка, ги зголеми цените за 1 час паркирање за да им овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови. Со поставувањето на ANPR-камерите, ЈП Паркинзи на Општина Центар има многу поголема контрола на злоупотребите кои се вршат на ова паркиралиште. Имено, пазарџиите кои редовно секоја година добиваа повластен паркинг-билет за вработени во деловен субјект и картичка за влез за нивните автомобили ги користеа за тешки товарни возила за кои ЈП ПОЦ, согласно одлуката на Општина Центар каде што е дозволено товарните возила да вршат дотур на стока до 7:00 часот, веќе им овозможи бесплатен дотур на стока од 5:00 до 7:00 часот на ова паркиралиште. Затоа, ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе ги раскине договорите за паркинг на сите оние кои ќе вршат ваков тип злоупотреба“, се наведува во реакцијата.

Со воведувањето на овие мерки, ЈП Паркинзи на Општина Центар вели дека ќе се стави крај на неправилностите кои се случувале со години наназад и ќе се направи ред во паркирањето, давајќи приоритет на жителите кои живеат во опфатот на паркиралиштето „Автомакедонија“, коишто, како што се наведува, поради сите овие злоупотреби не можат да го користат паркиралиштето во близина на своите домови бидејќи секојдневно се соочуваат со неподнослив проблем со паркирањето.

Македонија

Вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани, две дози примиле 206.163

Објавено пред

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Со последните бројки 51 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Објавено пред

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и сл.) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните.

„ Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел пак, не можеа да ги продолжат поради затворените граници, Народниот правобранител смета дека надлежното Министерство требаше да предвиди ваква ситуација и следствено да го прилагоди работењето“ соопшти Народниот правобранител.

Тој го смета за несоодветно менувањето на системот, токму во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи, и како што наведува, претставува повреда на правата на граѓаните.

Поради тоа Народниот правобранител по сопствена иницијтива ќе ги испита евентуалните пропусти во работењето на надлежните служби во Министерството за внатрешни работи, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните. Истовремено, Народниот правобранител бара Министерството за внатрешни работи во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситуација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Објавено пред

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување.

Австриското Министерство за здравство ги објави имињата на 11 нови земји кои се вклучени во ранг листата на сигурни држави по прашањето на пандемијата од коронавирусот. Ова ќе им овозможи полесно патување на нивните граѓани во Австрија, пренесуваат агенциите.

Новиот декрет на Министерството за здравство на Австрија стапува на сила од утре, па граѓаните на Албанија, Северна Македонија и Србија ќе можат да патуваат во оваа европска земја.

Покрај споменатите балкански земји, на списокот на безбедни земји се додадени и САД, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните на овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, или лекарско уверение за претходно прележан Ковид-19.

Австрија на овој начин ја спроведува одлуката на амбасадорите на Европската Унија од минатата недела, пренесуваат медиумите.

Од воведувањето на ограничувачки мерки, влезот на границите во Австрија беше оневозможен за граѓаните на одредени земји за туристички цели. Само оние кои имаа дозволи за престој или посебни причини можеа да влезат во Австрија, прво само со негативен ПЦР тест и задолжителен десетдневен карантин, а од скоро без карантин доколку се вакцинирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа30 минути

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија1 час

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија2 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет3 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет4 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија16 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија18 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија19 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија20 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Досие