Македонија
Партерното уредување на кејовите во општина Могила

Со партерното уредување во насока на збогатување на туристичката понуда во општина Могила и Пелагонискиот Регион, како и регулирање на коритото на реката Црна, односно нејзината притока Шемница, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа ги завршивме проектните активности во општината во насока на подобрување на условите за живеење и за развој на руралниот туризам, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
„Во општина Могила сме сведоци на уредување на кејот со кој се подобруваат условите за живеење на овие жители и добиваат една нова содржина што може да ја користат за пешачење и рекреација, што е многу важно во овие услови на Ковид-19. Се надевам дека Општината и оваа година ќе предложи до нас суштински проекти. Апелирам да им помогаме што повеќе на нашите општини бидејќи и тие се соочуваат со економска криза и секоја помош е добредојдена, независно дали од меѓународните донатори, но се разбира и од средствата од разните институции на државно ниво“, рече министерот за локална самоуправа.
Носител на проектот во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година е Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион, а вкупната вредност на проектот изнесува 3.800.000 денари.
„Овој проект во континуитет се гради од 2015 година, меѓутоа во 2020 година, конечно, почнува да се уредува и кејот на реката Шемница. Средствата се аплицирани преку Пелагонискиот Плански Регион, а добиени преку Бирото за регионален развој и се инвестира во пешачка, бекатон-патека од 1.100 метри со тринаесет канделабри и дванаесет клупи за седење. Конечно, во Могила се доби еден урбан простор за рекреација наменет за сите групи на граѓани“, изјави градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово.
Од оваа серија почувствувани беа пет земјотреси и тоа: во 1:36 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.5 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во 2:29 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.2 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, во 2:48 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, во 3:39 часот со локална Рихтерова магнитуда 2.6 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и во 07.44 часот со локална Рихтерова магнитуда 3.7 и интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Македонија
Облачно и студено со температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а по должина на Повардарието повремено силен ветер претежно од северозападен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Македонија
Забрана за камиони на патот Тетово – Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража. Од 12:00 часот поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка и се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот