Контакт

Македонија

Патиштата низ Македонија завеани со снег

Објавено пред

Обилни врнежи од снег попладнево ги прекрија патиштата низ државава. Од АМСМ информираат дека на повисоките места е воведена забрана за камиони.

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата“, информира АМСМ.

Поради интензивни врнежи од снег во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, а во 16.50 часот е воведена забрана за камиони и на планинскиот превој Стража.

Патниот правец Дреново – Прилеп и патниот правец Делчево према граничен премин се во прекин за камиони.

Сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Казнети 133 возачи за пребрзо возење за еден ден во Скопје

Објавено пред

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 133 возачи за пребрзо возење. Седум возачи биле казнети за возење со брзина над дозволената надвор од населено место и 126 во населено место.

МВР соопшти дека се откриени и 55 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Вчера се казнети и  24 мотоциклисти кои сториле прекршоци.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Објавено пред

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој е осомничен дека е еден од организаторите на насилниот упад во законодавниот дом.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на настан организиран за функционирањето на АКМИС системот, рече дека досието е комплетирано и ќе биде испратено до унгарските власти.

„Целокупното досие од Обвинителството и Судот стасаа минатата недела. Деновиве ќе биде испратено до Будимпешта“, рече Дескоска.

Државата веќе половина година го бара Груевски од Унгарија каде што доби политички азил. Тој избега од државата откако беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“. Експремиерот е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Собраниска делегација во посета на Кина

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој ја предводи делегацијата во чиј состав се потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на ДУИ – Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски, претседателот на пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, во официјална посета на Народна Република Кина, денес, во Шангај, се сретна со Донг Јунху, претседател на шангајскиот комитет на Кинескиот народен политички консултативен совет.

Клучните функции на Советот вклучуваат консултации за фундаменталните политики и принципи на национално и локално ниво за најважните прашања од политичкиот, економскиот, културниот и од социјалниот живот во процесот на донесување на законите и следење на нивната имплементација.

„Донг истакна дека, иако географски оддалечени, двете држави негуваат одлични билатерални односи и остваруваат соработка во разни области. Тој подетаљно ги запозна гостите со развојот на Шангај и со неговата улога на лидер во земјата по реформите и иновациите и изрази подготвеност за споделување на сите искуства и добри практики. Во однос на одржувањето на ЕКСПО за извоз и увоз, кој до крајот на годината треба да се одржи во Шангај, Донг истакна дека би сакал и Република Северна Македонија да учествува и да ги претстави своите производи и услуги на светскиот саем“, соопштија од собраниската прес-служба.

Џафери изразил задоволство што односите меѓу Северна Македонија и Кина се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување, а фактот што официјалната посета на НР Кина почнува во Шангај го оцени како своевидно охрабрување за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

„Двајцата соговорници изразија уверување дека добрите политички односи ќе бидат добра основа за понатамошно развивање на економските односи како на билатерално ниво така и во рамките на процесот за соработка 17+1 на НР Кина и земјите од источна и централна Европа“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија34 минути

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари...

Бегството на Груевски56 минути

Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион2 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести16 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија16 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт16 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести20 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт21 час

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет22 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ24 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија2 дена

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Досие