Контакт

Македонија

Патот Чегране-Чајле затворен за сообраќај поради градежни работи

Објавено пред

Регионалниот пат Чегране-Чајле е затворен за сообраќај, поради изведување градежни работи.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Георгиевска: Нападнати активисти на СДСМ во Влае

Објавено пред

Пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ во изјава за медиумите извести за напад кој се случил синоќа врз активисти на СДСМ кои делеле флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група, и рече дека одговорност ќе има и очекуваат брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

„Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада. Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?“, праша таа.

Нападот, информира Георгиевска е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што, како што рече се очекува и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

„Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела. На 31 октомври во недела да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош“, напомена пратеничката на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовска: Никој не заслужува црна кампања и да биде предмет на монтажи и фалсификати

Објавено пред

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, вели дека никој не заслужува  црна кампања, никој не заслужува да биде предмет на монтажи, фалсификати и продуцирани видеа за да се исмеваат со некого.

„Последниве денови сме сведоци на силна црна кампања против мене и моето семејство. Еве на крајот од оваа кампања сакам да ви се обратам директно и искрено вам, дека јас, Данела Арсовска ја побарав вашата поддршка како човек без ниту една дамка во животот и таа поддршка ја добив. Јас за разлика од моите противници, не направив никаква негативна кампања за нив. Немам потреба од такво нешто, бидејќи локалните избори треба да бидат борба на идеи и проекти на ниво на градот. За жал, овие избори некој ги направи извор на лажни вести и црни кампањи. Најавија дека сега повторно ќе бидат предмет на напади мојот татко, мајка, сопруг и дете. Тоа е и напад врз мене како нечие дете, нечија сопруга, нечија мајка“, вели Арсовска во обраќањето до граѓаните.

Според неа, никој во оваа земја не заслужува да биде понижуван и навредуван, затоа што тој што тоа го прави покажува ароганција и слабост, затоа што тој што тоа го прави сака да ги скрие своите криминали и да избегне одговорност.

„Сега гледам право во нив, моите противници, бидејќи сега се двајца и градоначалникот во заминување и премиерот во заминување со порака – ќе ве победиме, готово е. Сега јасно и гласно кажувам – сè што кажавте досега е лага. И вие тоа го знаете, ама сакате да продолжите со вашата црна кампања бидејќи немате со што друго. Едниот мој противкандидат е познат по тоа што ги излажа скопјани и во 4 години оствари само 5% од ветените проекти. А другиот по тоа што континуирано се пазари со македонските национални интереси. Јас кажав дека лажат, побарав извинување, а добив нови напади и закани за мене и моето семејство. Сум победила многу пострашни битки во својот живот, а ќе победам и сега бидејќи не сум човек што се откажува“, вели Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судење за „Плацеви на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацевите и становите на Груевски

Објавено пред

Александар Ивановски-Теранова во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно”, посочуваше како плацевите биле купувани, но и становите на Бихачка каде порано живееше Никола Груевски. Тој објасни како била основана и фирмата „Сирах инженеринг” во Македонија, поврзана со офшор компанијата „Сирах” од Белизе. Тој кажа дека контактирал и со Никола Груевски, откако избегал во Унгарија. Според сведочењето на Ивановски-Теранова, Груевски барал станови за сопругата и децата.

„И да не ми е позната, сега ми е позната. По игра на случајност имам преземено активности по замолница на мојот добар пријател Сашо Мијалков, кој ме замоли за еден пријател да потпишам полномошно за таа иста фирма во Македонија. Тоа е единствен мој личен контакт со таа фирма. Како секој добар пријател нормално прифатив да го потпишам тој документ во адвокатската канцеларија ‘Марков Чукиќ’. Не можам да се сетам која фирма се основаше, бидејќи вршев услуга за пријател на мојот пријател. Во документот не пишуваше кој ќе биде управител, тоа е само оф-шор компанија која дава овластување на правник да ја регистрира фирмата во Македонија. Не знаев како е називот на новата фирма, по извесен период дознав дека ‘Сирах’ од Кипар основала компанија ‘Сирах инжинеринг’ во Македонија, а потоа дознав дека управител е Ристо (Новачевски), за тоа ме извести Мијалков, со што ми посочи дека ќе ме контактира”, кажа тој.

„Со Лазар Бошњаковски ме повика на телефон да се видиме. Седнавме на кафе во ‘Корзо’ кај што од негова страна ми беше понуден плац на Водно, 10-11 илјади квадрати по цена од милион ипол евра. Ми покажа дел од скиците и имотниот лист, сопственици беа лица од Црна Гора кои го добиле преку процес на денационализација. Со оглед на бизнисот кој го работам, нормално дека со секој атрактивен плац бев заинтересиран со понудата. Меѓутоа за да човек одлучи дали да го купи, инвенстира или не, треба да се види дали има ДУП, а бидејќи Лазе не ги знаеше тие работи, отидов во Општина Центар, надлежен за тој реон. Таму се утврди дека тие плацеви се надвор од градежен реон. Со тоа истите станаа непредметни бидејќи на таков плац, можете да ставите само сандаци за пчели за мед, бидејќи се надвор од градежна зона”, кажа сведокот.

За одлуката го известил адвокатот кој му ги понудил плацевите, но и како што кажа, Сашо Мијалков и други луѓе.

„За таа квадратура, тоа е доста евтино. Муабетот заврши на тоа, во тој момент. По едно месец и половина, Сашо ме повика и ме праша дали тој плац е продаден или уште се продава. Одговорив дека треба да се провери дали плацот се продава и на моето прашање зошто, кажа дека има пријател кој сака да го купи. Па рече да се стапи во контакт со луѓето кои го продаваат, ако не е продаден. Се видовме со Лазе адвокатот, му кажав, дека ако не е продаден има луѓе кои се заинтересирани да го купат. Лазе како посредник очекуваше од една таква зделка ќе земе провизија. Меѓутоа проценив дека во таа ситуација не треба ниту јас, ниту Лазе да земаме провизија бидејќи станува збор за моќни луѓе кои пројавиле интерес. Од лично искуство знам дека во такви посреднички улоги, треба да се тргне. На Лазе не му беше кејф да го чуе тоа, но ме послуша. Се јави на својот пријател кој контактира со сопствениците во Црна Гора и така стапивме во контакт со вистинските сопственици на тој плац. Горан од Будва ги застапуваше сите сопственици, се имам сретнато по пројавениот интерес кога дојде во Скопје. Разговаравме за плацот и инсистирав да ги погледнам сите документи во врска со плацот кој го продаваат. Ме интересираше ксде се наоѓа. Ме одведе. Тој плац е на Водно кога се иде кон шеста управа. Како го поминуваш сртчето преку мостчето. Плацот е надоле. Ако мене ме прашате тој плац е толку стрмен, не е нешто поволен за градба. Ако ме прашате мене. По тој состанок јас отидов кај Мијалков, кажав дека се видов со еден од сопствениците, дека го видов и плацот, му кажав мое мислење. Он кажа ќе пренесе на пријателот а ако е заинтересиран да го купи, ќе каже”, рече Александар Ивановски-Теранова.

По неколку дена, според Александар Ивановски-Теранова, добил повик од Мијалков кој му кажал дека ќе се купи плацот. Мијалков најавил дека сведокот треба да го исконтактира Ристо Новачевски.

„Го контактирав, кажав од кого сум добил број, дека треба да се видиме додека е лицето од Црна Гора тука за да се заврши купопродажниот договор за плацот. Тогаш Сашо ми кажа дека Ристо е сопственик на ‘Сирах инженеринг’, која е сопственик на ‘Сирах’ од Кипар. По тој мој првичен повик на Ристо, се сретнавме, го запознав со Горан од Црна Гора. Ристе се виде дека нема искуство во овие работи, беше исплашен. Бев замолен да ја завршам оваа работа, да му помогнам да ги заврши овие работи. Бев присутен во нотарската канцеларија кога се потпишуваше купопродажниот договор. Се виде дека Ристо нема искуство во овие работи, а јас како долгогодишен бизнисмен кој се бави со купопродажба на недвижности помогнав за да не биде изигран. Чекавме два дена да легнат финансиски средства на фирмата за да бидат исплатени на продавачите. Бидејќи беа повеќе лица кои продаваа, требаше тие пари на неколку сметки да бидат исплатени. Не ме фаќајте за збор, не сум сто отсто сигурен”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој пред судот кажа дека немал лични интереси да проверува дали тоа земјиште е влезен во ДУП или ГУП, но по долго време од купувањето, по замолница од Мијалков, проверил во Општина Центар.

„На барање на Сашо. Ми кажаа дека е дозволена градба на неколку индивидуални куќи. Во 2015 година кога излегоа бомбите тие плацеви се споменуваа во неколку наврати. Во тој момент разговав со Сашо. Му викам јас мислев плацевите се за тебе, а стварно не биле за тебе. Се споменуваше името на Никола Груевски. Тој кажа, да, гледаш дека не сум те лажел, стварно не се за мене. Не сум разговарал за плацевите со друго лице. Во 2015 година овие плацеви, од медиумите дознав дека ги купил господинот Камчев, односно фирмите ‘Кара’ или која беше. Во една прилика го прашав Камчев што ти требаше тој плац да го купиш кога да кажам жаргонски е озрачен, а тој одговори: ‘Морав, зашто да не’, во тој контекст”, кажа сведокот.

„ИТК инженеринг” му е уште една фирма за која сведокот Александар Ивановски-Теранова кажа дека ја познава:

„Основана е за да се јави на јавно наддвање за исто таков плац на Водно. Основач и управител е мојата секретарка, со капитал од 5.000 евра. Исто така во разговор со Мијалков ми беше посочено дека ќе има продажба на државни плацеви на Водно и дека не е лошо да се формира нова фирма, иако јас бев сопственк на две фирми, за да се учествува на јавниот тендер кој беше објавен во јавно гласило. И дека, не е лошо тој плац да се купи. Тој плац требаше да се купи исто така за негов пријател. Целата поента на тоа е јас да се јавам како купувач на плацот, да инвестирам сопствени средства, фирмата да се продаде и така да си го вратам вложеното. Во тој момент не се кажа името на пријателот, а јас не инсистирав не препрашував, вршев услуга. Тоа во градежништвото се вика “купуваш нешто за познат купец”. На тој плац имаше маркица за куќа. Претпостсвував дека чим ќе го купам плацот во иднина ќе ја градам таа куќа, што е бенефит за мојата фирма. Откако беше завршено јавното наддавање, ‘ИТК инженеринг’ го зема плацот, па по извесен период бев замолен од Сашо да се купи преку таа фирма стан кој граничи со становите каде живее Никола Груевски, за да не може друг да го купи. По тоа логички дека истата фирма купува стан кој се граничи со тогашниот стан на Груевски, дефакто и овој плац би требало да биде наменет за него”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

Тој посочи и дека фирмата го купила станот иако никој не преговарал со продавачот на станот, а средствата за купување на станот биле негови, лични, како и за купувањето на плацот.

„Тања како управител отиде на нотар го потпиша. Парите беа уфрлени како позајмица, дел од лични средства, дел од мои вработеми кои подигнаа кредит. Го немам видено станот кој ‘ИТК инженеринг’ го купи. Мислам дека во 2008 година, Татјана Стојановска од мене беше замолена да купи уште еден стан, по замолница од Сашо да најдам лице кое е доверливо, да купи стан за Груевски, а да не биде на негово име. Парите веројатно беа дадени од Груевски за тој стан, сума од 40.000 евра. И кажав на Тања купи го станот на твое име, тој стан ќе е на Груевски, не сака да биде на негово име, а отпосле ќе го префрли”, кажа сведокот.

Во 2018 година, Александар Ивановски-Теранова бил повикан во хотелот „Мериот” од лице кое било возач на Груевски, како што кажа, да му даде договори за закуп, за да се потпишат од сопственичката на еден од становите, Татјана.

„Лични средби со Груевски не сме имале за оваа тема. Во 2018 година по неговото бегство во Унгарија добив порака од телефонски број, претпоставувам унгарски, кај што ме повика за да ме праша дали имам станови во Центар, во Скопје, беше заинтересиран да земе за да се преселат сопругата и децата. Кажав дека имам зграда во Аеродром која ќе биде готова кон крајот на 2020 година. Прекина врската. Ме побара октомври-ноември 2020 година, не сум го слушнал телефонот, не разговаравме. Мислам дека повикот беше по давањето на исказот во Обвинителствого“, посочи тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Судење за „Плацеви на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацевите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова во својство на сведок во случајот „Плацеви на Водно”, посочуваше како плацевите биле купувани, но и становите на...

Свет40 минути

Во Москва започнаа принудните неработни денови

Во Москва започнаа принудните неработни денови, кои, според претходната најава на градоначалникот Сергеј Собјанин, ќе траат речиси недела и половина...

Забава2 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија2 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет4 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион4 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа4 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет15 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија20 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет22 часа

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија1 ден

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија2 дена

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија2 дена

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Досие