Македонија
Пендаровски ги унапреди полковниците Симеон Трајковски и Бесник Емини во чин бригаден генерал

Претседателот Стево Пендаровски со указ ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал.
Чиновите на двајцата армиски офицери им беа врачени денеска од страна на претседателот Пендаровски на свечена церемонија во „Вила Водно“, на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Симеон Трајковски ја извршува должноста началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата од 2017 година. Од добивањето на поканата за членство во НАТО е активно вклучен во сите процеси и преговори со НАТО како еден од носителите на процесот за пристапување и интеграција на Армијата во НАТО.
Бесник Емини ја извршува должноста командант на 1. пешадиска бригада од јули 2019 година, која е носечка сила на Армијата. Во текот на својата воена кариера бил многупати пофалуван, а е и носител на медал ARCOM, Iraqi Freedom, 2007/2008 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
370 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 370 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Македонија
Казни за над 80 возачи во Центар, најмногу за користење на мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На подрачјето на Центар изречени се вкупно 84 мерки, меѓу кои 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 9 за непочитување на брзината на движење, 5 санкции за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и 5 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Македонија
Опозицијата обвинува за политички пазарења на СДСМ и ДУИ во врска со пописот

Пописот кој власта на сила го турка среде пандемија нема за цел да биде статистичка операција, туку фингиран попис кој ќе биде резултат на политички пазарења на СДСМ и ДУИ, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука велат дека во ниту една демократска земја не постои попишување без докази, само со диктирање на матични броеви и два врзани потписи, но тоа ќе го има во Македонија затоа што Зоран Заев има таков договор со ДУИ за бројка на одредени етнички заедници која однапред е договорена.
„Токму затоа и власта ги одби сите амандмани кои имаа за цел да се спречи пописниот фалсификат на власта, а токму затоа и не сакаат попис со отисок од прст, затоа што само така може да се знае реалната статистика која на СДСМ и ДУИ не им влегува во пазарот. Од ваквото силување на пописот, нема да имаат корист ниту државата ниту граѓаните туку само двете партии на власт. Затоа и се уште не ја објавуваат методологијата за пописот бидејќи се зафатени со креирање на лажни бројки и лажна слика за населението во Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека нормален попис треба да ги даде реалните бројки според кои ќе се крои секоја државна стратегија, но за жал Македонија ги има СДСМ и ДУИ кои не ги интересира државата, туку ги интересираат сопствените бизнис интереси.
ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на овој закон и носење нов со консензус кој „ќе биде од корист на Република Македонија и граѓаните, а не на одредени политички партии, конкретно парламентарното мнозинство“.
Доколку законот за попис биде изгласан на сила, од опозицијата најавија дека ќе собираат потписи од граѓаните за да го поништат овој закон и да биде донесен нов.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира