Македонија
Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена
Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за нас во историјата на ова натпреварувње.
По тој повод, на својот фејсбук-профил честитка упати и претседателот Стево Пендаровски кој напиша дека без разлика на резултатот, направена е песна која ќе остане трајна вредност бидејќи е посветена на секоја жена.
„Честитки #TeamTamara, покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап“, напиша претседателот во објавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.