Контакт

Избори 2019

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Објавено пред

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски дух и, како што рече, очекува така да биде и на 5 мај. Тој нагласи дека концептот „Заедно напред“ е во водство.

„Едвај чекам да се фатам за работа за евро-атлантска Северна Македонија од позиција шеф на државата“, порача Пендаровски додавајќи дека во вториот круг граѓаните ќе имаат стеснет избор од три на два кандидата.

„Изборот ќе биде полесен зашто разликата меѓу мене и Силјанаовска е огромна. Треба поддршка за концептот што води напред, а не назад“, истакна Пендаровски.

Тој воедно ги повика поддржувачите на Блерим Река, но, како што рече, и тие што гласале за Силјановска, но длабоко во себе знаат дека таа одлука е погрешна, повторно да се преиспитаат и да преминат на вистинскиот пат.

Смета дека овие гласови треба да бидат за него бидејќи тој ќе биде претседатал на сите етнички заедници, за разлика од неговата против-кандидатка која не ги повикала другите етнички заедници, туку им се обраќа само на Македонците.

„Не знам како може да ги повикува Албанците да гласаат за неа, кога таа воопшто не ги споменува ниту нив ниту другите заедници во своите обраќања и води етноцентристичка и еднонасочна политика“, рече Пендаровски, повикувајќи ги припадниците на сите заедници да го поддржат неговиот концепт во вториот круг.

„Секој треба да земе учество во позитивните промени и заедно да одиме напред“, додаде тој.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ8 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион9 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура9 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија12 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија12 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа13 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија14 часа

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет15 часа

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија1 ден

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија1 ден

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија1 ден

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт1 ден

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија1 ден

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија2 дена

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион2 дена

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија2 дена

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно2 дена

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ2 дена

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Досие