Контакт

Македонија

Пендаровски: И без вонредна состојба може да се ограничи движењето на граѓаните

Објавено пред

Владата може и без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина, рече претседателот Пендаровски, според кого, не е важно како ќе биде наречена состојбата во државата. Според него, нашата држава најдобро ги спроведува мерките во однос на Албанија, Косово, Бугарија, Грција и тоа го кажуваат од меѓународниот фактор.

„Ние во многу ги надминуваме нашите соседи и мерките кои ги преземаат. Кај нив тоа се нарекува вонредна состојба, а ние имаме кризна состојба во две подрачја. Можно е и во рамки на овој контекст и рамка која ни е дадена да се воведат уште неколку рестриктивни мерки за да се ограничи движењето на граѓаните. Можно е Владата без да прогласи вонредна состојба, да го ограничи движењето на граѓаните од една во друга општина во нашите граници“, рече Пендаровски.

Проблем според Пендаровски е и членот со кој се регулира вонредната состојба, бидејќи државата нема закон за вонредна состојба, а Владата ќе добие широки можности да носи и спроведува закони.

„Не е важно името на состојбата во која сме, досегашните мерки се прилично ригорозни во однос на спречување ширење на епидемијата. Тоа е проценето од меѓународни фактори како ефикасен елемент. Не дека треба да прогласиме, а ние не сакаме, но меѓутоа добро е да знаете дека ако не дај боже дојдеме во ситуација, вонредната состојба е објаснета само во еден единствен член на Уставот и тоа не е доволно. Имаме цел закон за кризни состојби, кои има свои празнини, фалинки, но имаме само еден член од Уставот за вонредна состојба. Ние немаме Закон за вонредна состојба. Со тоа се дава прилично широка можност на Владата да биде законодавец и спроведувач на законите. Во тој период, Собранието е суспендирано. Проценката нема потреба од вонредна состојба на цела територија“, додаде Пендаровски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

630 лица го прекршиле правилото за носење маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 630 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Георгиевска: И во време на пандемија се реализираат странски инвестиции

Објавено пред

„И во време на светска пандемија, тековно се одвива процесот на реализација на странските директни инвестиции во нашата економија.Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп.Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, претходно, оваа компанија со седиште во Сојузна Република Германија инвестираше 10,5 милиони евра, а во производствените погони веќе работат 250 лица.

„Ова, почитувани е препознавање на позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.Доказ за тоа е што најголем дел од странските инвестиции доаѓаат токму од земји членки на ЕУ, каде предничат Германија, Велика Британија и Грција.

Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции.Во период кога се уште се соочуваме со економски предизвици поради коронакризата, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија.Продолжуваме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за нашата економија, за нашите граѓани“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Објавено пред

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година, МОН ги повикува учениците и родителите, да ја посетат викендов. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата.

„Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн наставата. Министерството за образование и наука веќе испрати насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците. Ги повикуваме директорите на училиштата коишто не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот страт на учебната година“, се вели во соопштението.

Министерството за образование и наука ги повикува локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина. Истовремено, искажуваме огромна благодарност до градоначалниците и вработените во општините, но и до сите наставници за посветеноста во обезбедувањето услови за непречена настава во време на пандемија.

Главениот и единствен приоритет на Министерството за образование и наука во овој период е да ги надминеме предизвиците и успешно да ја започнме, но и завршиме учебната 2020/2021 година и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19, соопшти Министерство за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ20 минути

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 час

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет2 часа

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет3 часа

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија4 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа4 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет5 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ14 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија14 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа16 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија17 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија20 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија21 час

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа22 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија24 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија1 ден

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет1 ден

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија1 ден

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија1 ден

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион1 ден

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Досие