Македонија
Пендаровски-Канем: Креираме стратешки иницијативи за подобрување на можностите за вработување на жените
Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Наталија Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
На средбата се разговараше за актуелната соработка меѓу нашата земја и УНФПА во однос на креирање политики за населението и преземање активности со цел подобрување на пристапот до услугите од областа на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство.
Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е посветена на креирање законски и стратешки иницијативи во насока на подобрување на можностите за вработување на жените, пристапот до висококвалитетни здравствени услуги на национално и локално ниво, како и креирање на родово одговорни политики и буџети. Во тој контекст, претседателот Пендаровски ги издвои ратификацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен годинава.
Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка на УНФПА и Северна Македонија во овој тежок период на пандемија бидејќи видливите резултати придонесуваат кон решавање на повеќе значајни прашања, поврзани со унапредувањето на правата и услугите за населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Монти Пајтон СДС – сме добиле финансиски средства од ЕУ за Реформската Агенда затоа што сме спровеле реформи, а велат дека не сме спровеле реформи
Толку е голем очајот во СДС да навистина веќе ништо не не изненадува, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Во соопштението на СДС се вели дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст, затоа што како што велат – не спровеле реформи.
Од друга страна пак, велат дека Македонија исто така не ги спроведува реформите, но се ослободија најмногу средства од цел Западен Балкан во висина од над 66 милиони евра.
Сега, СДС нека се договори – дали парите кои се ослободени од ЕУ за Македонија во делот на Реформската Агенда се поради спроведување на реформите или не спроведување на реформите?“, се вели во соопштението.
Македонија
„Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот“, велат од СДСМ
„Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет“, велат од СДСМ.
„Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени, Муцунски признаа дека НАТО е гаранција за безбедноста и добар за бизнис климата.
Паднаа лагите, падна и лажниот патриотизам на ВМРО. Токму тие што најгласно зборуваа за „предавства“ и „национални интереси“, тивко си обезбедувале бугарски пасоши за себе и за своите семејства. Последното признание на ВМРО само потврди дека Владата на Мицкоски е преполна со функционери со бугарски пасоши.
Кога СДСМ предложи закон со кој премиерот, министрите, вицепремиерите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства, ВМРО-ОКГ веднаш го одби. Зошто? Затоа што ако законот беше усвоен, половина Влада ќе требаше да си замине.
За нив може европски пасоши и резервна иднина во ЕУ, ама за народот – блокади, конфликти и изолација.
За нив може бугарски државајнства и Бугари, ама не може внесување на малцинствата во Уставот.
Ова е најголемото лицемерие на ВМРО-ОКГ. Додека Македонија намерно ја држат заглавена и оттурната од Европа, тие одамна си обезбедиле европска сигурност за себе. Една по една паѓаат сите лаги на кои со години ја темелеа својата пропаганда.
Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии. Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина“, соопшти СДСМ.
Македонија
Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”
„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи“, велат од партијата Левица.
„Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара увид во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална проверка за начинот на кој е запрена истрагата.
Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „Талир”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен.
Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“, соопшти партијата Левица.
